Потресна приказна на една учителка: „Госпоѓо, денес мирисавте како мојата мајка некогаш“

Се викаше госпоѓа Нада. Првиот ден од школската година, на учениците од петто одделение им кажа една лага. Како и повеќето учителки им рече на дечињата дека сите подеднакво ги сака.

potresna-prikazna-na-edna-ucitelka-gospogjo-denes-mirisavte-kako-mojata-majka-nekogas-1_copy_copy_copy_copy_copy.jpg

Но, тоа е невозможно бидејќи во првиот ред, на првата клупа секогаш седело едно момче по име Марко.

Госпоѓа Нада го набљудувала Марко изминатата година и забележала дека тој ретко игра со останатите деца, дека облеката му е неуредна и дека не се бања редовно. Марко исто така знаел да биде и непријатен.

Дошло до тоа Нада да му напише една огромна единица со црвено пенкало по целите негови задачи.

Во училиштето каде Нада предавала, наставникот на крајот од годината, пред да го напише своето мислење за одреден ученик, да ги прочита мислењата на другите наставници. Госпоѓа Нада го остави извештајот на Марко за крај. Кога го прочитала, доживеала изненадување.

Во прво одделение за Марко пишувало: Марко е бистро дете и секогаш се смее. Уреден е и добро воспитан. Вистинско задоволство е да го познаваш и да го учиш.

Во второ одделение: Марко е одличен ученик, сите го сакаат, но има проблеми дома бидејќи мајка му е неизлечливо болка.

Во трето одделение: Тешко ја поднесе смртта на својата мајка. Се труди колку може, но неговиот татко воопшто не обрнува внимание на него и ако нешто не се промени, тоа лошо ќе се одрази на него.

Во четврто одделение: Марко се повлече во себе и не покажува интерес за ништо. Нема многу пријатели и понекогаш спие на час.

Госпоѓа Нада сфатила во што бил проблемот и се засрамила. Уште полошо било кога за Божиќ сите и донеле убаво завиткани подароци, освен Марко. Неговиот подарок бил несмасно завиткан во обична хариена кеса. Госпоѓа Нада со големи напори го отворила баш неговиот подарок прв.

Некои деца почнале да се смеат кога го открила пластичното ланче од имитација на камчиња. Исто така, парфемот кој бил спакуван покрај ланчето, бил половично празен.

Нада ги стишила децата и се заблагодарила велејќи дека ланчето е прекрасно и го ставила на врат, додека од парфемот прснала малку на раката.

Марко останал последен после часот за да ѝ каже:

„Госпоѓо Нада, денес мирисавте како некогаш мојата мајка.“

Бидејќи сите деца си заминале, плачела речиси цел час. Од тој ден престанала да им предава на децата. Наместо тоа, почнала да ги учи.

Обрнувала посебно внимание на Марко. Како што работела со него, така тој живнувал. Колку повеќе го поттикнувала, толку побрзо напредувал. На крајот од годината Марко бил меѓу најдобрите ученици.

Покрај тоа што излажала дека сите деца ги сака подеднакво, Марко и станал омилениот.

Следната година пронашла порака од Марко дека таа и понатаму е најдобрата учителка која ја имал во својот живот.

Поминале 6 години пред да добие нова порака од Марко. Во неа напишал дека завршил средно училиште, трет по успех во генерација, но дека и понатаму таа е најдобрата учителка која ја имал во животот.

После 4 години добила уште едно писмо, дека понекогаш му било тешко, но завршил и факултет. Ја уверувал дека и понатаму таа е најдобрата учителка. Писмото било потпишано со дипломиран инженер.

Но, овде не е крај на приказната.

Стигнало уште едно писмо таа пролет. Марко и рекол дека запознал една чудесна девојка со која ќе се венча. И објаснил дека татко му починал пред неколку години и ја прашал учителката Нада дали би се согласила да седи на местото каде би требало да седат родителите на младоженецот.

Секако дека се согласила. И како што погодувате, го ставила она ланче и оној парфем.

„Ви благодарам што верувавте во мене. Ви благодарам што ми овозможивте да се чувствувам посебно и да постигнам нешто во животот.“

Госпоѓа Нада со солзи во очите му шепнала:

„Марко, грешиш, ти си тој кој ми овозможи да постигнам нешто во животот. Пред тебе не знаев како да ги учам другите.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg