Како да им се помогне на децата на разведени родители?
Разводот е навистина тежок и стресен процес, но најпогодени во целата ситуација се најчесто децата. Тие си ги земаат при срце работите, а најчесто сметаат дека тие се виновни за разводот на нивните родители.
Во одредени ситуации децата се принудени да одберат еден од родителите, а тоа доведува до вистинско емотивно нарушување.
Доколку познавате детенце чии родители одлучиле да се разведат, во продолжение погледнете неколку идеи кои ќе ви помогнат да го посоветувате:
Зборувај со некого
Зборувањето за проблемите е првиот чекор до нивно решавање. Немојте да ги притискате своите чувства. Доколку го чувствувате притисокот од разделбата најдобро е да разговарате со своите родители, да им објасните како се чувствувате и што би требало тие да сторат за да се почувствувате подобро.
Не заземајте страни
Никогаш не го бирајте едниот родител пред другиот, сепак и на нив им е доволно тешка постоечката ситуација за вие дополнително да ја комплицирате.
Немојте да штитите еден од родителите
Децата најчесто заземаат страна и се обидуваат да заштитат еден од родителите. Во вакви ситуации потребно е да им се објасни дека нивните родители се возрасни личности и немаат потреба од нивната помош.
Не се чувствувајте виновни
Немојте никош да се обвинувате себеси за нешта кои не зависат од вас. Не сте вие виновни за несогласувањата помеѓу вашите родители.
Поминете време насамо со вашите родители
Во ред е да поминете време насамо со секој од родителите одделно. На тој начин им покажувате дека премногу ви значат и дека вие сте дел од двајцата.
Дозволете си себеси да тагувате
Откако ќе ја прифатите ситуацијата нормално е да почувствувате носталгија по своето семејство и идиличниот начин на живеење. Во вакви ситуавии никој не смее да ви забрани да тагувате. Тоа е целосно ваше право.
С. У | Црнобело