Едноставен принцип „90/10“ по кој треба да се водите во животот
Само мал дел од животот ни поминува во случајни настани кои не се во наша контрола, а остатокот, ние самите одлучуваме и сме одговорни за тоа како ќе ни помине денот.
Американскиот автор Стивен Ковеј овој принцип го нарекува „90/10“.
Факт е дека само 10% од нашиот живот е надвор од наша контрола. Некои работи, колку и да сакаме, не можеме да ги контролирале, ама затоа пак, можеме да го контролираме начинот на кој реагираме на овие настани.
Од друга страна, дури 90% од нашиот живот е резултат на настаните кои сами одлучуваме дали ќе се случат.
Се подготвувате да појадувате. Вашата ќерка случајно бутка шолја со кафе, а течноста завршува право на вашата штотуку облечена, свежа кошула. Шолјата вашата сопруга ја ставила на крај, па не е ни чудно што девојчето ја бутнало. Нервозни станувате да се пресоблечете. Детето почнува да плаче и не се подготвува за училиште.
Како резултат на тоа, доцни за првиот час. Вашата сопруга се брза за на работа, па вие морате да ја однесете ќерката на училиште. Доцните на работа и сфаќате дека сте ги заборавиле важните документи. Се враќате дома нервозни, сопругата и ќерката се нервозни...
1. Затоа што ќерката по грешка ви истури кафе?
2. Затоа што ќерка ви доцнеше на првиот час и вие моравте да ја носите?
3. Заради гужвата во сообраќајот заради која и вие доцневте на работа?
4. Затоа што неправилно реагиравте на ситуацијата?
Точниот одговор е под 4. Денот ви беше лош затоа што вие одлучивте така да реагирате на ситуацијата и со тоа сами решивте да си го расипете. Вие ја контролирате ситуацијата и вие одлучува како ќе реагирате на истата.
Вие имате истурено кафе, ќерката плаче, ама ја тешите велејќи ѝ „Не се грижи, следниот пат обиди се да бидеш повнимателна“, се пресоблекувате и смирено земате сè што ви треба за работа. Се враќате во кујната и гледате како ќерката е смирена и сама заминува за на училиште. Вие доаѓате 5 минути порано на работа и се поздравувате со колегите.
Ова се две различни сценарија. Двете започнуваат исто, ама завршуваат различно. И сами можете да согледате дека начинот на кој вие реагирате прави одредена насока во која настанот ќе се одвива и како вие и другите околу вас ќе се чувствуваат.
Што можеме да научиме? Не избрзувајте, дали е важно што морате да се пресоблечете? Дали е важно дали некаде ќе доцните неколку секунди? Запомнете го принципот „90/10“ и престанете да се грижите.
Немате што да изгубите, туку само можете повеќе да добиете. Мислиме на здрави „нерви“, помалку стрес, повеќе здравје и поголема среќа.
Н. Г. | Црнобело