Како да го научите детето да употребува нокшир за само 3 дена?
Сите родители уживаат да гледаат како нивните деца се развиваат и поминуваат одредени фази како учење да лазат, да одат, да зборуваат...
Некои од овие фази се покомплицирани од другите, а меѓу нив е фазата на одвикнување на детето од пелени и учење да користи тоалет (нокшир).
За тоа може да ви помогне Феломовата техника (името го добила по Џули Фелом, жената која ја развила оваа стратегија) која подразбира детето да биде голо од половината надолу, но сè уште да користите пелени навечер.
Што ви треба за да го примените овој метод?
1. Поставете неколку нокшири во сите соби од домот во кои влегува и детето;
2. Секогаш имајте при рака пелени и панталони во случај на незгода;
3. Детето треба да носи чорапи и просторијата да биде топла во периодот на учење.
Што треба да правите во првиот ден?
Соблечете го детето од половината надолу цел ден и внимавајте, кога има потреба да врши нужда, покажете му кон најблискиот нокшир.
Погрижете се детето да јаде што е можно помалку солена храна и да пие вода почесто, за да мора да врши нужда почесто.
Кога морате вие да одите во тоалет, носете го и детето со вас, за да му демонстрирате како тоа го прават возрасните (децата учат и се адаптираат брзо).
Прославувајте го секој успешен обид и очекувајте после 10 -12 обид детето самостојно да почне да го употребува нокширот.
Ако вашето дете сè уште не знае како да го употребува нокширот не го карајте, бидејќи така можете да направите да се чувствува засрамено.
Пред спиење, кажете му на детето дека е време да го употреби нокширот за да избегнете мали незгоди за време на заспивањето.
Што треба да правите вториот ден?
Држете се до правилата кои ги користевте и првиот ден, но овојпат изнесете го детето и надвор, барем на еден час. Чекајте детето да изврши нужда, а потоа излезете надвор. Ова ќе му помогне да научи да го користи нокширот своеволно.
Кога излегувате надвор, детето треба да носи пошироки панталони, без пелени. Ваша цел е да излегувате надвор и да го научите да се враќа дома кога мора да врши нужда.
Бидете близу вашиот дом и носете со себе нокшир, за секој случај.
Што треба да правите третиот ден?
Држете се до инструкциите од првиот и вториот ден, но денес изнесете го детето надвор, двапати.
Ако не добиете позитивни резултати, повторно обидете се за 6 до 8 недели.
Запомнете: Оваа техника бара трпение, а од вас се бара секогаш да го поддржувате детето.
Н. Г. | Црнобело