Татко ја маскира својата ќерка за да направи фотки кои ќе ги памети цел живот
На едно девојче и се оствари сонот кога нејзиниот татко, фотографот Џош Роси, преку фотографии успеја да ја трансформира во нејзината омилена хероина, убавицата Бела, од анимираниот филм “Убавицата и Ѕверот”.
Со цел да направи фотографиите да изгледаат што пореално, таткото посетил пет различни градови, каде што ги фотографирал најубавите замоци. Тој во својот блог, каде што ги објавува фотографиите, објаснил дека тоа патување било доказ за тоа колку е голема љубовта кон неговата ќерка.
Неговата ќерка позирала во рачно изработени костими инспирирани од анимираниот филм. Тој притоа користел Фотошоп за да ги спои фотографиите и да направи да изгледаат магично.
Таткото подоцна, за Денот на вљубените, ја изненадил својата 3-годишна ќерка со една од фотките кои ги направил на фотосесијата.
Фотографот изјавил дека сакал да направи нешто специјално за својата ќерка што ќе може таа да го чува засекогаш и да ја потсеќа на љубовта која тој ја чувствува кон неа.
Погледнете го видеото, во кое реакцијата на малото девојче нема да ве остави рамнодушни:
А. В. | Црнобело