„Многу си трапав!“ - 5 реченици кои не е пожелно да му ги кажете на вашето дете

Во целиот хаос кој ви се случува на работа и дома, понекогаш навистина се потребни натчовечки напори за да не експлодирате и да го истурите сиот гнев на домашните, а особено врз вашите деца.

5-recenici-koi-ne-e-pozelno-da-mu-gi-kazete-na-vaseto-dete-01.jpg

Научете ја моќта на самоконтролата, а што и да ви поминува низ главата потрудете се скоро никогаш да не му ги кажете овие 5 реченици на вашето дете:

Остави ме на мира!

Доколку констатацијата на оваа реченица ја поткрепите со груб тон, детето ќе се исплаши и во најлош случај ќе се повлече, па ретко кога ќе ви приоѓа за помош. На овој начин ја губите довербата на вашето малечко и го заплашувате, што може да резултира во необраќање и игнорирање од негова страна кон вас во иднина.

Зошто не можеш да бидеш како брат ти/ сестра ти?

Едноставно не е убаво да го споредувате детето со други деца, без разлика дали станува збор за братчиња, сестрички, роднини или другарчиња. Споредувањето никогаш не носи позитивни резултати. Напротив, детето ќе започне да чувствува потаен гнев и фрустрација кон она со кое го споредувате.

Премногу си трапав!

Наместо да го нарекувате детето со негативни зборови како Трапчо, Будалче, Несмасен, употребете помеки изрази кои нема да го навредат и разочараат. Објаснете му дека е потребно да биде повнимателен, бидејќи во спротивно работите се истураат, кршат или губат. Нема потреба децата да растат со прилепена етикета Трапавко на себе и да мислат дека сé што допрат имаат потенцијал да го уништат.

Можеш многу подобро од ова!

Учењето е процес кој, покрај успехот, подразбира и многу грешки и порази. Вашето дете не секогаш ќе добива петки и не можете да очекувате да се однесува совршено. Затоа и не е пожелно да му кажете – Ти можеш многу повеќе од ова!

Едноставно може да кажете  - Следниот пат ќе се потрудиш повеќе за поголем успех.

Ќе видиш кога ќе си дојде татко ти/мајка ти дома!

Ова е мал евтин трик којшто го спроведува секој родител и илустрира разводнет облик на дисциплина. Несакајќи да бидете „лошиот“ родител, односно да ја зачувате наклоноста на вашето дете кон вас, се обидувате да го претставите другиот родител како поопасниот.

Ова одложено или индиректно казнување никогаш нема позитивен исход. Додека другиот родител стигне дома, детето многу веројатно веќе и заборавило зошто сте сакале да го казните или опоменете. Казнената мерка секогаш треба да е моментална и подразбира почитување како на вашиот, така и на туѓиот авторитет.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg