4 вистински причини поради кои свекрвите не ве сакаат

Односот со вашата свекрва може да се опише најдобро со статус кој е наменет за опишување љубовна врска на Фејсбук: Комплицирано е.

4-vistinski-pricini-poradi-koi-svekrvite-ne-ve-sakaat-01.jpg

Никој не очекува дека треба да се сакате со свекрвата, ниту пак таа некогаш би можела да ја замени вашата мајка. Но, потребно е да се однесувате човечки и цивилизирано, за да не се надминат границите на доброто однесување и да останете заглавени на територијата во која владее непријатно и тензично однесување.

Сепак, и покрај вашата добра волја и напор се чини дека не освојувате симпатии, ниту поени кај свекрвата. Ова се 4 реални причини зошто вашата свекрва едноставно не ве сака:

Не сте жената која таа ја замислувала за својот син

Ние ги бираме партнерите врз основа на добар изглед, карактер, образование, интелигенција, креативност, добра смисла за хумор... родителите најчесто ставаат други приоритети кога се работи за партнерот кој го бира детето: добро семејство, солидна финансиска позадија, слични етничка или религиозна припадност.

Тука настанува конфликтот. Вие може да бидете добра, фина и паметна, но едноставно не сте ѝ по ќејфот на свекрвата, бидејќи таа во главата си зацртала поинаква жена за омилениот син. Среќа што се мажите со него, а не со неа.

Физички сте многу привлечна

Ова можеби на прв поглед ќе ви звучи смешно, но жените без оглед на возраста имаат некој притаен натпревар кога станува збор за убавината. А, ако сте навистина физички исклучително привлечна жена, тоа претставува двојна опасност, како за неа, така и за синот, во смисла дека изгледате многу подобро од него, па автоматски предизвикувате повеќе интерес и привлекувате повеќе машки погледи.

Се борите со стерилитет

Внучињата се свето нешто за секоја баба и се подразбира дека синот се жени за да има деца. Кога периодот за проширување на семејството се пролонгира, тогаш почнуваат да се јавуваат сомнежи и осудувања. Најчесто обвинувањата се дека жената не е подготвена за деца, сака да се посвети на работата или едноставно да си даде некој временски период за оддишка, па оттука следува дека е крајно себична.

Кога се зборува за проблемите како неплодност или стерилитет, во 90% од случаите прстот е вперен кон жената, иако проблемот може да биде заеднички или воопшто да не постои. Едноставно е – нема внучиња, нема љубов за снаата.

Борба за љубов и внимание

Навистина е тешко да се „дели“ синот кој сте го гледале цели 30 години со жена којашто ја запознал само пред една година. Најчесто свекрвите гледаат директна конкуренција во снаата, таа е онаа која го поминува целото време со него, ги диктира правилата, а тој ја слуша само неа.

Таа е човек како и секој друг, си има маани, но во оваа фаза тие безмилосно се истакнуваат, колку да се знае која е главната во куќата. Сознанието дека „некоја“ друга носи одлуки врзани за домот, финансиите, патувањата итн., на многу жени им делува разорно, па оттука следува нетрпеливоста и омразата.


Секоја чест за оние кои не ја препознаа својата свекрва во овие 4 точки.

За сите останати, секогаш имајте на ум дека бракот доаѓа на прво место и добро е да ја имате поддршката од вашиот сопруг, бидејќи тогаш сте најсилни.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg