Инстаграм сензација - Фотките на мајка и две ќерки кои се облекуваат исто
Велат каков татко таков син и каква мајка таква ќерка. Нели? А, се чини дека ова тврдење во многу случаи може да се потврди.
Тоа на пример, се обидува да го докаже мајка на нејзиниот Инстаграм профил заедно со нејзините две ќерки, 10-годишната Амелија и 3-годишната Пени.
„Ја напуштив работата во 2015-та година за да останам со моите деца дома. На почетокот се чувствував како да ми недостасува работата, ама сè се промени. Инстаграм ми е начин како да избегам барем за кратко од секојдневието. Од моментите кога менувам пелени, готвам и ги носам децата на училиште“ – вели оваа мајка.
Денес нејзиниот Инстаграм профил има над 800.000 следбеници кои едвај чекаат да ги видат новите заеднички фотографии со ќерките.
Н. Г. | Црнобело