80 животни лекции на кои ќе ја научам мојата ќерка
Секоја мајка има многу мудрости кои сака да ги пренесе на својата ќерка. Од едноставни, до тешки лекции за животот.
Ова се дел од нив:
1. Чоколадото само привремено ќе те расположи.
2. Удобниот градник не е луксуз, туку неопходност.
3. Твојата среќа е твоја среќа и само од тебе зависи.
4. Научи како да ставаш црвен кармин.
5. Момчето не е цел на твоето постоење.
6. Касни уште едно парче пица, ако сакаш, не е страшно.
7. Носи го она во кое се чувствуваш грациозно, а едноставно.
8. Сакај го светот безусловно.
9. Барај убавина во сè.
10. Почести ги твоите пријатели со вечера кога и да можеш.
11. Ставај крема за заштита од штетните сончеви зраци во секое годишно време.
12. Настојувај со цела твоја сила да останеш во контакт со оддалечените пријатели.
13. Нека светот се чувствува пријатно покрај тебе.
14. Оди со подигната глава.
15. Нарачај хамбургер и на првиот состанок, ако ти се јаде.
16. Никогаш, ама никогаш не ги гризи ноктите.
17. Истата вечер кога ќе ги направиш, научи нешто од твоите грешки.
18. Денталната хигиена ти е важна како и твојот живот.
19. Твојот просек на оцени не е признание за твојот карактер.
20. Секогаш имај сила кога животот ќе те собори на земја.
21. Внимавај на своите стапала.
22. Пронајди го твојот парфем.
23. Дури и кога ќе паднеш, продолжи да носиш високи потпетици, ако сакаш.
24. Пиј виски, ако сакаш виски.
25. Пиј вино, ако ти се допаѓа виното.
26. Прави го тоа што сакаш да го правиш.
27. Не мораш на никого да се оправдуваш.
28. Не си помалку женствена кога си во тренерки и патики, отколку кога си во фустан и високи потпетици.
29. Жената е жена и секогаш ќе биде жена.
30. Сакај ги твоите најдобри пријателки, со целото свое срце и душа.
31. Плачи, неконтролирано, покрај своите пријателки.
32. Смеј се со своите пријателки додека не ти падне тежината од срце.
33. Мене секогаш можеш да ми кажеш сè.
34. Вежбај за да бидеш силна и здрава. На убавата душа ѝ треба цврстина.
35. Не е срамно да се надеваш на љубов.
36. Мамината кујна е најдобра кујна.
37. Немој лесно да одиш во кревет со мажи.
38. Тоа навистина го мислам.
39. Ана Каренина. Прочитај ја.
40. Мажите најчесто се будали до својата 26-та година.
41. Јаглехидратите не ти се непријатели.
42. Вклучи се во разни организирани активности по твој избор.
43. Повремено слушај класична музика.
44. Повремено релаксирај се во топла купка.
45. Способна си, секогаш повеќе отколку што мислиш.
46. Не се смеј, ако насмевката не е искрена.
47. Мисли на својот бес. Мисли на својата тага и твојата болка.
48. Јас секогаш сум тука да те слушам.
49. Патувај.
50. Дојди дома испотена, уморна, ама со добра приказна.
51. Облеката која е во твој број е секогаш поудобна и подобро изгледа отколку онаа која ти е претесна и премала.
52. Не дозволувај туѓото мислење да те „поседува“.
53. Ако мене ме прашуваш, си претерала со сенката на очи.
54. Научи се да готвиш кога си тажна, а мене ме нема.
55. Покорноста и понизноста не се синоними.
56. Лицето миј го двапати дневно.
57. Биди нежна кон својата кожа.
58. Знаењето е неопходно.
59. Како и литературата.
60. Како и историјата.
61. И математиката.
62. Носи ја својата тежина.
63. Почни што подоцна да се шминкаш.
64. Не се прави будала пред никого.
65. Очекувај го и пронајди го најдоброто во сите.
66. Луѓето ќе те изневерат.
67. Постои одреден тип на мажи кои треба да ги избегнуваш по секоја цена.
68. Ќе знаеш кој е оној вистинскиот кога ќе го запознаеш.
69. Избегнувај го најсилното сонце и носи шешир и крема со висок заштитен фактор.
70. Одлуката ти е исправна, ако почувствуваш среќа кога ќе ја донесеш.
71. Поклонувај подароци кои знаеш дека ќе им значат на другите.
72. Формирај свое мислење.
73. Она што другите го сметаат за правилно, не мора да биде и за тебе.
74. Расправај се со другите, ако тоа е потребно.
75. Ако вреди да се бориш за нешто, бори се жестоко.
76. Никогаш не се бори да бидеш прифатена.
77. Бидејќи тоа не ти треба.
78. Следи ја својата среќа по секоја цена.
79. Фотографирај се.
80. Сладоледот од чоколадо секогаш може да ти го подигне расположението.
Н. Г. | Црнобело