Мајката која со фотка од стомакот ја раскажа „темната страна на мајчинството“
Кога првпат ќе дознаете дека сте бремени, најверојатно поголемиот дел од времето ќе го поминете во проучување на интернет и читање на книги за тоа што можете да очекувате од бременоста и после неа.
Но, според една мајка, книгите и интернетот не ве подготвуваат, навистина, за она што следи и како ќе се чувствувате после драматичните промени на телото.
Мајката на две деца, Александра Килмари, објави храбра фотографија на Инстаграм која ја именуваше: „Темната страна на мајчинството и бременоста.“
Со фотографија од нејзиниот стомак и нејзиното бебе таа објаснува:
„Знам дека многу од вас мислите „зошто би ја објавила оваа фотографија?“, но ми требаа 18 месеци да дојдам до тука, 18 месеци да престанам да плачам кога ќе се погледнам во огледало, 18 месеци конечно да се чувствувам убаво во сопствената кожа!
Никој не те предупредува за темните страни на мајчинството и бременоста... никој не те информира за тоа колку се менуваш физички и ментално откако ќе станеш мајка. Беше долго и тешко патешествие после породувањето за мене... 18 месеци после мојот прв син и 5 месеци после мојот втор син. И конечно се чувствувам олеснето и навистина неверојатно.
Овации за вас мајките кои се борите со постпородилна депресија и секој ден станувате од кревет за вашите деца! Овации за вас мајките кои сè уште плачете за белезите на вашата кожа од носењето совршени бебиња! Овации за мајчинството и за тоа дека сето ова ќе помине. И работите ќе се подобрат.
Н. Г. | Црнобело