Самохрана мајка на 4 деца изградила куќа со помош на YouTube туторијали
Кара Брукинс е мајката која направи нешто воодушевувачко за себе и своите четири деца, оставајќи ги сите родители со подотворена уста.
По насилни врски, два брака со насилство и демнеење од маж со ментално растројство, Кара вели дека на неа и нејзините деца им требало нешто посебно.
„Бев засрамена и загрижена дека немаа доволно самодоверба.“
За жал, Кара не можела да дозволи да купи нов дом. Можела да позајми неколку стотици долари од банка за основни материјали.
Тогаш започнала тимската работа на семејството.
Нејзините 4 деца се на возраст од 17, 15, 11 и 2 години, и никој не бил поштеден од она што може да го направи.
Додека учеле како се ѕида, како се меша малтер, како се редат тули и како да работат како тим, научиле и како одново се гради распаднато и несреќно семејство.
Сега живеат во пристојна куќа со 5 спални соби.
М. Д. | Црнобело