Во Франција официјално е нелегално тепањето на децата

Сите го знаеме она дека „Ќотекот излегол од рајот“. Тогаш Франција дефинитивно не е рајот за родители кои веруваат дека потчукнувањето по задникот, плескањето по рачиња и тегнењето на косичката кај дечињата има позитивен ефект во воспитувањето кај децата.

vo-francija-e-nelegalno-tepanjeto-na-decata-01.jpg

Истражувањата покажале дека децата не учат ништо од ќотекот макар и во најблага форма, напротив, тие се инспирираат на насилство и возвраќаат на истиот начин.

Франција реши да заземе цврст став по однос на ова прашање и на 22-ри декември 2016-тата година, францускиот парламент го донесе законот кој забранува секаква форма на ќотек врз децата.

Физичкото насилство врз децата е нормално одамна законски регулирано и забрането во многу држави низ светот. Но, овој закон кој специфично е насочен кон благото потчукнување и плескање на дечињата со цел да се научат на ред и дисциплина, и се класифицира повеќе како граѓански прекршок, отколку како криминален.

Од друга страна, во САД, Велика Британија, Италија, Чешка и Швајцарија сè уште не е законски забранета ваквата форма на воспитување на децата, чии жители веројатно веруваат дека малку тепање никогаш не штети.

Дали вие верувате дека тепањето на децата ги решава проблемите и подобро ќе ги воспитате своите деца со негова употреба?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg