Фрази кои ќе ви помогнат да го смирите анксиозното дете
Секое дете се соочува со анксиозност и страв во одреден момент од животот, без оглед дали тоа е во форма на чудовиште под креветот или злобното куче на соседот кое постојано лае.
Иако нам возрасните, сите тие чувства ни изгледаат далечни и чудни, мораме да имаме на ум дека тоа се работи кои децата не можат да ги контролираат, и доколку не работат на нив, може да се претворат во сериозни фобии.
Следните фрази се одличен начин да ја смирите анксиозноста кај вашето дете и да дознаете кои се проблемите и стравовите со кои тоа се соочува.
1. Можеш ли да го нацрташ тоа?
Цртањето им помага на децата да се ослободат од анксиозноста кога не можат да користат зборови.
2. Те сакам. Сега си на сигурно.
Анксиозноста прави вашето дете да се чувствува како да е во постојана опасност. Овие зборови претставуваат моќен начин на кој тоа ќе се смири.
3. Да замислиме дека дуваме џиновски балон. Вдиши длабоко, број до 3 и издиши.
Неколку длабоки вдишувања и издишувања му помагаат на телото да се релаксира, особено ако истото се претвори во игра.
4. Од каде мислиш дека потекнува тоа?
Ова е особено корисно за повозрасните деца, кои подобро можат да ги објаснат нивните стравови.
5. Што ќе се случи следно?
Ако вашето дете е вознемирено за некој настан, тоа целосно ќе се концентрира на истиот. Помогнете му да сфати дека тој сепак нема да трае вечно и ќе заврши многу побрзо од тоа што детето очекува.
6. Ние сме непобедлив тим.
Дури и ако не сте физички покрај него, детето ќе знае дека вашиот дух е секогаш со него.
7. Да ги оставиме грижите пред врата додека си играме. После ќе ги земеме пак.
Децата ги носат проблемите како физички товар, особено ако станува збор за некој претстоен настан кој не може да се избегне. Помогнете му да заборави на сето тоа барем накратко.
8. Да научиме нешто повеќе за тоа.
Знаењето е моќ. Дозволете му на вашето дете да ги истражи неговите стравови и да поставува толку прашања колку што смета дека е потребно за да ги разбере.
9. Ајде да ги изброиме...
...автомобилите кои ќе ги сретнеме, луѓето кои носат очила... Овој метод на одвлекување на вниманието е нешто за кое не е потребна подготовка, туку само набљудување.
10. Затвори ги очите. Замисли дека...
Визуелизацијата е моќна техника за справување со стравот. Ментално водете го вашето дете до место каде тоа ќе се чувствува сигурно.
11. И јас понекогаш се чувствувам исплашено/вознемирено/нервозно.
Покажете му на вашето дете дека е нормално понекогаш да се чувствува исплашено. Покажете му како вие се справувате со тоа.
12. Кажи ми што е најлошото што може да се случи.
Слушнете ги најтешките проблеми на детето, и покажете му дека дури и да се остварат, вие ќе бидете тука за да му помогнете во нивното решавање.
13. Ајде да направиме листа на сите луѓе кои те сакаат.
Запаметете дека љубовта е најдобриот начин за надминување на анксиозноста и стравот.
14. Веќе се гордеам со тебе.
Верувањето на децата, дека тие не ги исполниле вашите очекувања, може да предизвика голема анксиозност кај нив. Затоа покажете им дека има многу нешта заради кои сте горди на нив.
15. Знам дека ти е тешко.
Не го обезвреднувајте проблемот на вашето дете – тој има огромно значење за него. Покажете му дека целосно го разбирате.
М. С. | Црнобело