Искрена, моќна порака на една мајка: Што кога не можете да доите?
Без сомнеж, на интернет можеме да сретнеме многу искрени лични приказни околу доењето, но повеќето од нив се позитивни.
Ретко која мајка искрено сака да раскаже со какви проблеми се соочува додека го дои своето бебе.
Приказната објавенa на Инстаграм на една мајка, допре до илјадници луѓе:
„Чувството кое го добивате кога новороденчето плаче за млеко е тешко да се објасни. Кршењето на срцето кое го чувствувате кога вашето новороденче плаче и немате млеко е уште потежок да се објасни.
Без оглед на тоа што брадавиците се суви и испукани, плачот на бебето одѕвонува како аларм внатре во мозокот и очајна сум да направам било што за да го ослободам од непријатното чувство и да му ги задоволам потребите.
Кога ќе пристигне ноќта, морам да одлучам дали ќе го ранам со вештачко млеко или ќе го оставам да спие гладно. Или да се будам на секој час, да се обидувам да го смиран гладниот плач, да се расправам со мојот сакан партнер и да се чувствувам неуспешно.
И без разлика на тоа кој избор ќе го направиме, никој не победува.
Што има во вештачкото млеко? Зошто мириса на гума? Ќе добијам некогаш млеко? Правам нешто погрешно? Никој никогаш не ми кажал. Никој никогаш не ми кажал каков предизвик е доењето. Ова мора да е неискажана реалност на многу нови мајки.
Си кажувам на себе и на оние кои се борат да го нахранат своето новороденче. Не чувствувајте вина или срам додека се движите на вашето патешествие како мајка.
Некои работи не можеме да ги контролираме, а се обидуваме да го направиме најдобриот избор кој знаеме дека можеме да го направиме и со љубов во нашите срца, толку многу што излегува како плач од вашите очи.“
Н. Г. | Црнобело