Татко на годината: На сите во авионот им поделил чоколатца за да ја усреќи ќерката

Еден досетлив татко сакал да ѝ приреди на својата ќерка незаборавна Ноќ на вештерките, и покрај фактот што биле во авион.

tatko-na-godinata-na-site-vo-avionot-im-podelil-cokolatca-za-da-ja-usreki-kerkata-1.jpg

Откако ја маскирал колку што можел соодветно на условите, на Твитер се прошири неговиот гест.

Без неговото девојче да дознае, тој им поделил на патниците чоколатца со порака.

„Мојата 3-годишна ќерка Моли беше тажна што нема да може да собере слатки за Ноќта на вештерките оваа година заради овој лет. Па, решив да и го овозможам тоа. Ако сакате, кога мојата ќерка ќе дојде покрај вас, ве молам ставете го ова чоколатце во нејзината корпа. Ќе ѝ ја направите Ноќта на вештерките незаборавна. Сепак, ако не сакате да го направите тоа, не се грижете, само вратете ми го чоколатцето. Ви благодарам!“

tatko-na-godinata-na-site-vo-avionot-im-podelil-cokolatca-za-da-ja-usreki-kerkata-2.jpg

Како што погодувате, никој не го вратил чоколатцето.

„Срцето ќе ми експлодира во моментов“ и „Ова е прекрасно! Имав големи планови да спијам за време на летот, но...“ беа едни од првите коментари споделени на Твитер.

Со гордост го прогласуваме овој татко за татко на годината!

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„На роденденот на ќерка ми дојдоа само 2 деца, а се најавија 10 – Родители, бидете поодговорни“ „Десет родители ни кажаа дека нивните деца ќе дојдат и бидејќи бевме во игротека...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg