Денес е лесно да бидеш тато, ама тешко е да бидеш татко

Драги мајки, денес сте во втор план. Вашето место го преземаат ни помалку важните - татковци!

denes-e-lesno-da-bidesh-tate-ama-teshko-e-da-bidesh-tatko-001.jpg

Не сакам татковците да се чувствуваат како да се помалку важни од мајките. Бидејќи не е така. Таткото е исто така, многу важен фактор во воспитувањето на своето дете - исто како и мајката. И со самото тоа, заслужува и него да му се посвети барем малку внимание.

Поминаа тие времиња кога само жената најмногу се занимавала со децата, кога готвела, подготвувала по цел ден, а мажот читал весници и гледал телевизија. Ова одамна не е вака. Денес мажот е тој кој помага на својата сопруга во сè, од готвење до воспитување на детето. Бидејќи тоа дете не е само на неговата сопруга, туку и негово. Ми се гади од одредени поединци кога ќе кажат: „Блазе си ти, тој ти го чува детето“. Па тоа е и негово дете, тој го чува своето дете и се занимава со своето дете.

Неретко гледаме како по парковите татковци нежно го носат своето малечко, му го бриѓат носето или лицето целото замачкано со чоколадо. Внимателно го креваат кога ќе падне или вика кога некој друг ќе го бутне од лулашката. И нема ништо поубаво од маж кој има очи полни нежност за своето дете и кој со внимателност ги следи неговите чекори. Мажот кој внимателно и трпеливо го рани своето дете. Тоа е нашиот татко.

Татко без кој овој свет не би имал смисла, бидејќи тој е тука кога ни е најтешко, тој е наш столб, наш потпирач, наше засолниште.

Кога мама ќе подвикне, брзо трчај кај тато, тој ќе те смири, тој ќе си ја утеши својата мала принцеза. Бидејќи тато обично е таков - слаб на својата мала принцеза. Нема што не би направил за неа, од играње, до забава до доцна навечер. Тато те сака и сета своја нежност и благост ја дава за тебе, неговото малечко девојче.

Неретко можеме да видиме како таткото ја презема работата со уживање додека подготвува ручек за своето малечко. Тој готви по нарачка, дозволува и децата да готват со него, прави неред по домот, ама тоа е само топлина во домот.

Така што, не би можеле да се сложиме дека таткото не помага на мајката во сè и сешто. Околината многупати досега ме уверила во тоа. Секако, има исклучоци. Никој не е баш во се најдобар, па затоа се надополнуваме.

Убаво е кога детето ќе почувствува дека е сакано и дека има заштита и од двајцата родители, заштита од сето она од кое се плаши кога е малечко, но секако и кога ќе порасне. И тато и мама имаат тешка задача, ако не и најтешка, бидејќи што има потешко од воспитување на дете? Потребно е  многу трпение и љубов за едно мало битие да се изведе на вистинскиот пат.

Сега жалам што немав шанса да фотографирам еден татко кој заедно со својата малечка ќерка собираше цвеќиња за да ѝ ги подарат на мајката. Има такви прекрасни мажи, прекрасни татковци кои се вистинска потпора на своите сопруги, нивен пријател и нивни потпирач во сè и сешто. А децата тоа го чувствуваат и знаат сè.

Сета ваша љубов или вашето нетрпение, детето го чувствува. Нив не можеш да ги прелажеш.

Таткото ги задоволува сите потреби на својата малечка принцеза, дури и тогаш кога не треба. Сака да види среќа во очите на своето дете. Еден ден, тоа малечко девојче ќе порасне и ќе бара сопруг каков што бил нејзиниот татко.

Убаво е и кога ќе видиме татко кој го учи својот син дека е во ред да заплаче, да покаже емоција, дека емоцијата не е знак на слабост, туку длабока сила. Тато и мама се тука да ги всадат вредностите, вистинските вредности во главите на нивните деца.

Така што, сигурно ме разбирате...

Денес е лесно да бидеш тато, ама тешко е да бидеш татко.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg