Тато зошто некои од нас поминуваат потешко во животот?

Во животот честопати ќе се подготвувате, ќе се обидете секогаш да бидете подготвени, без разлика дали станува збор за конференција, презентација пред вашиот шеф или општо испит на факултет додека студирате. Но она на кое што нема да ве подготват никогаш се незгодните прашања на вашите деца.

tato-zosto-nekoi-od-nas-pominuvaat-potesko-vo-zivotot-001.jpg

Тоа утро започна како и секое, беше понеделник и моите две деца, инаку ранобудници, а јас и сопругата одевме на работа од 9 часот, па имавме навика некаде кон 8 часот да имаме семеен појадок. Најчесто се трудевме да се храниме здраво, тој се состоеше од овошје, житарки или пак сварено јајце со зеленчук.

„Тато сакам да те прашам нешто, но да ми одговориш искрено”. Рече помалиот син.

„Кога сум те излажал јас тебе, па сега нема да ти кажам”. Реков јас низ смеа, несфаќајќи ја сериозно ситуацијата.

„Зошто во животот постојат толку тешкотии кои ќе те спречат да ја постигнеш твојата цел, а ќе те направат слаб и несреќен?” Рече малиот, пиејќи од сокот, со еден сериозен тон.

Јас се збунив, како што кажав не ме подготвија за овој настап пред моето дете, но после минута молк, низ смеа му одговорив.

„Она кое ти го нарекуваш тешкотија, е дел од твојата цел, ти треба да престанеш да се бориш против тоа бидејќи никогаш нема да ги искорениш, тие секогаш ќе постојат. Но, треба паметно да одбираш како ќе дејствуваш во моментите кога тие ќе наидат.

Ете замисли дека фрлаш копје, но има магла. Ќе го фрлиш ли копјето кон целта ако не можеш да ја видиш?

Или ете замисли дека сакаш да го фрлиш толку далеку, но ветрот ти пречи дали ќе го фрлиш спротивно од насоката на ветрот?

Не, ќе почекаш маглата да помине и ќе видиш на која страна дува ветрот за да го фрлиш во насока на ветрот. Првиот пат можеби нема да достигнеш до целта, можеби нема ни вториот пат, но со тренинг, макотрпна работа и со спознавање на пречките и како тие да ги надминеш ти секогаш ќе го фрлаш копјето се подалеку и подалеку”.

Таман помислив дека дадов добар одговор на тешкото прашање, како гром од ведро небо следеше уште едно.

„Да татко, но зошто мојот пат да биде полн пречки, а патот на некои луѓе да биде лесен, еве на пример тие одма би фрлиле копје, без ветар, без магла и тоа би стигнало многу подалеку од моето копје, додека јас чекам и се снаоѓам тие би победиле?”

„Никогаш не ги гледај другите, секој од нас има свој пат и свое копје, своја цел која е на различна далечина, а има нешто што се нарекува наше време. Некои можеби цел живот ќе фрлаат копје со надеж да ја погодат својата цел, но нема да научат како тоа да го прават најдобро. Некои од нас тоа ќе го направат веднаш. Најважно од сѐ е во тоа справување со пречките да извлечиш поука, да не се жалиш, туку наредниот пат да дојдеш поспремен и посилен за да ја достигнеш целта”. Ајде сега јади, ти остана се во чинијата, реков јас воздивнувајќи, изморен од чудните прашања.

Мојот син јадеше од чинијата и мислеше на својата цел, на копјето, маглата и ветрот, а јас се прашував од каде ли во таа глава се вметнаа прашањата за пречките во животот...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg