Да бидеш самохрана мајка не е грев, останувањето во нездраво семејство е!

Понекогаш нема да ве разберат, можеби и неправедно ќе ве осудат, можеби и ќе ве навредат, но ако нешто научив во годините кои изминаа е да одам според сопствени верувања. Тие не мора да бидат нормални за општеството, не мора да влегуваат во таа рамка на вообичаеното и не мора да ги задоволат стандардните ознаки на она што се нарекува живот.

da-bides-samohrana-majka-znaci-da-bides-sposoben-da-izdrzis-mnogu-01

Во моето постоење сакав да имам сопствена номенклатура, променливи кои сама ќе ги дефинирам и според нив ќе ги обликувам функциите во мојот живот. Зошто го зборувам сето ова, зошто го замарам светот со мојата одлука да не ги следам нормите и да не го доживеам секојдневното?

Јас сум самохрана мајка на две деца, тоа е факт со кој јас се справувам со години, но она што е чудно во секојдневното живеење, луѓето наместо да ми честитаат за таа моја секојдневна борба да ги одгледам моите чеда, луѓето често ме осудуваат, како јас да сум виновна за таа моја состојба.

Секојдневно наидувам на тие шокирани лица кога ќе го спомнам зборот самохрана мајка, полни со осудување, полни со неверување и предрасуди дека на некој начин сама сум си го заслужила тоа. Како да живеењето без таткото на твоето дете да е грев, а во општеството имаше витински гревови кои се опростуваа.

Она што не знаат е дека секој има свое затоа, на многу зошто упатени како прашање. Мојата приказна е многу едноставна. Таткото на моите деца беше пијаница, уште во врската беше агресивен, но јас си мислев дека нешто ќе можам да променам. Една огромна лага во која живеев можеби и предолго.

Знаеше да излезе, да се врати пијан и да ме натепа, ме тепаше дури и кога го носев првото дете, кога се роди и додека беше бебе, а потоа кога дојде и второто мое чедо. Второто дете го направивме практично поради тоа што тој кога ќе си дојдеше пијан обожаваше да имаме секс на мое противење. Неговиот фетиш беше да силува девојки, секогаш ме тераше да се противам, а јас мразев да имам секс со него кога е пијан.

Сега сум благодарна што ги имам тие две златца кои ми ја полнат душата, а уште поблагодарна што тие никогаш нема да бидат налик него.

Луѓето никогаш нема да разберат, но едноставно таа куќа и таа околина не беше место каде што јас би ги гледала моите деца. Честопати знаат да ми кажат како ќе растат без татко, а јас само знам луто да ги погледнам.

„Нивниот татко кажа дека не му се потребни. Јас ќе им бидам и татко, ќе им бидам и мајка, со овие две раце ќе работам непрестано, макотрпно, само да ги одгледам и да ги одведам на вистинскиот пат. Никогаш ништо да не им недостасува, бидејќи јас се жртвувам себеси за да ги направам нив среќни. Мојот избор беше само за тие да бидат насмеани, да не живеат во кавги и нервози.

Мојот избор е мој со причина и не мора никој да го разбере, јас знам дека тоа беше правилна одлука. Бегството од бракот со таков човек е можеби најправилното нешто кое сум го направила во животот.”

Но, не сум само јас, постојат жени кои можеби немале слична приказна, а сепак се одлучиле да бидат самохрани мајки, некои можеби и биле приморани затоа што го изгубиле партнерот. Сите тие се силни жени, способни да го износат тој товар на сопствените рамена, тоа се жени кои се откажале од многу за да остварат многу, тоа се успешни жени.

Затоа кога ќе ви спомнат дека се самохрани мајки, не мислете дека сопругот ги избркал од дома затоа што сакале да лудуваат со други мажи, не осудувајте и не заклучувајте дека тие и нивните деца се несреќни на база на некои ваши верувања. Воопшто не се трудете да ги разберете ако не сакате, но бидете барем човечни и отпоздравете ги за таа голема храброст, бидејќи да бидеш самохрана мајка значи да имаш сила да издржиш многу, да се избориш со многу предизвици сам за да ги однесеш своите чеда на патот кој ќе ги одведе до остварување на нивните сни.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg