Што кога детето ќе ви се пожали дека другарите го малтретираат?

Навистина е огромна болката кога вашето дете ќе ви каже дека некој бил лош кон него, ги повредил неговите чувства или го посрамотил.

Sto-koga-deteto-kje-vi-se-pozali-deka-drugarite-go-maltretiraat-01

Децата не секогаш ги кажуваат сите детали, така што вашите добронамерни одговори може да влијаат тоа да повлече во себе уште повеќе.

Што е она кое вие како загрижен родител треба да го направите?

Какви коментари треба да избегнувате:

Ако детето само одоколу ви каже „едни деца ме малтретираа“ распрашајте го подетално за тоа што се случило за подобро да разберете што се случило. Кога ќе го дознаете тоа во никој случај не треба да кажете некој од следните коментари:

„Тие се само љубоморни на тебе и несигурни во себе.“

Овој одговор нема воопшто да му помогне на детето да се чувствува подобро или да ја реши ситуација. Ако им го каже тоа на другите деца, без оглед дали е вистина, само ќе дојде до продлабочување на проблемот.


„Биди фин.“

Ако некој те малтретира а ти остануваш фин тоа за него значи дека си слаб и подложен на манипулирање.


„Дали си сигурен? Можеби не си сфатил добро?“

Ова значи дека не му верувате на своето дете или мислите дека е премногу чувствително и склоно кон претерување.


„Игнорирај ги и замини си од нив.“

До моментот кога вашето дете дошло кај вас веројатно веќе се обидело и не успеало во тоа, па затоа решило да ви се обрати.

Што треба да кажете:

Запаметете вашиот одговор треба да биде комбинација од следните одговори:

„Навистина ми е жал што слушам нешто такво.“

„Благодарам што ми кажа.“

„Ајде малку да размислиме и да видиме што можеш да направиш.“

Ако на тоа вашето дете одговори со „Ќе ти кажам ама вети ми дека после нема да направиш ништо?“ можете да се најдете во замка. Од една страна сакате да го чуете неговиот проблем а од друга не знаете какво ветување давате и дали ќе треба подоцна да го прекршите.

Затоа вашиот одговор треба да биде следниот: „Би сакала да ти ветам нешто такво, но навистина не можам бидејќи не знам за што се работи. Но, ако јас не можам да ти помогнам заеднички ќе најдеме некој кој ќе може.“

Вклучувањето на детето во заедничките одлуки ќе му помогне на детето да верува повеќе и да се сложи со нешто кое не е баш по негова волја.

Сепак треба да имате на ум дека проблемите на вашето дете се негови лични проблеми и во најголем дел од случаите тоа само треба да се справува со нив.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg