Научно потврденo: Како да ја зголемите интелигенцијата на детето?
Науката сè уште не дала одговор на прашањето дали интелигенцијата е вродена или стекната особина. Секако дека повисокиот измерен IQ скор претставува предност во основа, но без труд и работа интелигенцијата останува само потенцијал.
Како можете да го помогнете развојот на интелигенцијата кај децата?
Сите истражувања кои биле спроведени на темата интелигенција не носат јасни и експлицитни заклучоци, но некои мерливи показатели велат дека овие 10 работи можат да помогнат:
1. Музичко образование
Кратко и јасно - истражувањата покажуваат дека со помош на музичката настава децата стануваат попаметни.
Истражувањето кое ги проучувало децата кои се занимаваат со музика наспроти оние кои не се занимаваат, покажува дека децата кои посетувале музичко училиште остварувале поголем напредок и имале повисок коефициент на интелигенција.
Всушност, музиката може да помогне на секого, без разлика на годините. Според едно истражување направено на Нортвестерн на баби покажува дека музиката ги ублажува негативните дејства на стареењето.
2. Силата е за глупавите или не?
Постои врежан стереотип дека физичката сила се поврзува со „глупоста“, односно оди рака под рака, бидејќи спортските типови повеќе време поминуваат надвор отколку во библиотека . Сепак, вреди да размислите и за едното и за другото.
Добрата физичка кондиција ја зголемува способноста за учење. По одредена физичка активност, брзината на усвојување на нови зборови се зголемува за 20%.
Ова се заклучоците кои се донесени на истражувањето направено во 2007-та година во Германија, кога испитувачите утврдиле дека брзината на усвојување се зголемува после вежбање, а корелира со невротрофниот мозочен фактор кој е задолжен за раст и развој на синапсите во мозокот.
Тримесечното вежбање доведува до 30% зголемен проток на крв во мозокот и центарот кој е задолжен за памтење.
3. Не им читајте на децата, читајте заедно со нив
Вашето дете се учи да чита? Не дозволувајте неговата улога да биде пасивна и само да гледа слики додека вие го читате текстот. Привлечете му го вниманието и наместо само да слуша, натерајте го да чита заедно со вас.
4. Недостатокот на сон ги уназадува децата
Секој скратен час сон ја намалува интелектуалната способност на ученик од шесто одделение, носејќи го на ниво на четврто одделение.
„Губењето на еден час на спиење е еднакво на две години когнитивен развој и созревање.“, односно се покажало дека постои корелација меѓу оценките и просечната количина на сон.
Учениците кои се оценети со највисоки оценки имале 15 минути повеќе квалитетен сон на дневно ниво од учениците кои биле оценети со средна оцена, кои пак, во просек имале 15 минути повеќе сон од оние кои биле оценети со најниска оцена.
Во едно истражување спроведено на 3.000 средношколци во Роуд Ајленд го дава истиот резултат и заклучок, сонот е доста важен во развојот на когнитивните способности.
5. Без самодисциплина, коефициентот на интелигенција сам по себе не вреди
Ако сакаме да откриеме каков ќе биде идниот успех на поединецот во животот, самодисциплината е поважна од коефициентот на интелигенција.
Постојат многу истражувања кои ја наведуваат волјата како најважна и клучна навика која обезбедува успех на поединецот.
Тоа е дел од особината која се нарекува совесност и која истовремено може да одреди колку некој ќе биде успешен на работа.
Високиот скор добиен на овој тест ќе има далеку поголемо значење од самиот коефициент на интелигенција.
6. Учењето е активен процес
Некои онлајн вежби и игри кои наводно го вежбаат мозокот, додека децата ја следат содржината не се многу делотворни.
Овие производи едноставно го немаат очекуваното дејство и не произведуваат никаков позитивен резултат кај малите деца од 17 до 24 месеци. Некои дури можат да имаат и негативно влијание.
За секој час дневно кое детето го поминувало во гледање на видео содржини знае преку 6 или 8 зборови помалку од децата кои не гледале видеа.
Еволуцијата на нашиот мозок почина на нашата способност да учиме правејќи работи, а не слушајќи.
7. Наградата може да помогне, но само ако е дадена во вистинскиот момент
Во принцип најдобро е ако детето секогаш се храни здраво. Истражувањата покажуваат дека начинот на исхрана е поврзан со оцените кои ги добива детето на училиште.
Општо е познато дека на денот на тестирањето треба добро да појадувате со храна која е богата со јаглехидрати и растителни влакна, храна која бавно се вари како овесните снегулки. Но, она што малку се знае е дека важно е добро да се исхранува детето дури една седмица пред тестирањето.
Во едно истражување направена е проверка на моќта на вниманието и брзината на реагирање кај 16 студенти од колеџ, потоа пет дена биле изложени на одреден режим на исхрана. Повтореното мерете покажало недвосмислен пад на способностите.
Секако, постојат исклучоци и ниту едно дете не може да се храни совршено здраво цело време, но она што треба да се внимава е кога се дава „лошата храна“.
Ако веќе детето треба да добива нездрава храна тоа е најдобро да се прави додека учи, не додека се одмора.
8. Задоволно дете = успешно дете
Задоволните деца имаат поголеми шанси да се развијат во успешни и остварени поединци.
Задоволството е огромна предност во светот во кој сè е одредено од успехот, па во просек оние кои биле позадоволни, биле и поуспешни.
9. Влијание на генерацијата
Генетските предиспозиции од родителите имаат големо влијание врз формирањето на децата, но истото може да се каже и за останатите деца. Не само што нашето воспитување има влијание на развојот на способностите туку и врсниците.
Кога се во прашање особини како што е интелектуалната способност и одредени аспекти на профилот на личноста, биолошките деца во голема мера се слични на родителите, а посвоените покажуваат чудни трендови и практично немаат ништо заедничко со резултатите на нивните старатели.
Колку и да биле воспитувани од одреден профил на одредена личност, повторно не примаат од нејзиниот карактер.
Што е тоа, тогаш, што има така големо влијание на детето? Одговорот е групата на врсници покрај кои расте.
Кога се говори за влијание на групата многу често се наведува во негативен контекст на таканаречен притисок на групата или социјален притисок. Вистината е дека ова влијание може да биде многу позитивно.
Не постои полесен начин студент да си ги поправи оцените од тоа да одбере попаметен и повреден цимер кој ќе го тера, свесно или несвесно, да стане подобар.
10. Верувајте во вашите деца
Доколку верувате дека вашето дете е попаметно од просечните деца, тоа ќе го поттикне да ги развива своите способности.
Децата за кои на наставниците им е кажано дека се побисти, навистина постигнувале подобри резултати иако, всушност се работело за случајно одбрани деца.
Н. Г. | Црнобело