Родители, дозволете им на децата да се извалкаат
Со години децата биле константно изложени на бактерии кои се таложат околу нив. Бебињата кои се ставаат во уста, од прсти до играчки, деца кои си играат во кал, фаќаат инсекти и бубачки... Сосема природно однесување кое постепено го зајакнува нивниот имунолошки систем.
Но, времињата некако магично се променија. Денешни родители се повеќе се плашат од бактериите, па стравот им го пренесуваат на најмалите.
Научниците ги разбираат родителите, но сепак препорачуваат изложеност на бактерии, бидејќи таа изложеност е добра превенција за понатамошните можни болести кај децата.
Постојат 5 основни работи кои не треба да им ги браните и треба да ги практикувате:
1. Пуштете ги децата да се извалкаат. Додека се во природа, дозволете им да допрат се што сакаат - кал, дрвја, ливчиња, цветови, инсекти... Дозволете им да направат пита од кал и не паничете ако со калливите раце решат да си брцнат во уста. Ќе почувствуваат горчлив вкус и ќе ги тргнат.
2. Не го тргајте детето од кучето. Ако го познавате кучето и е безбедно, дозволете му на бебето или детето да биде во негова близина. Важно е само кучето да има примено вакцини и да му се одржува редовна хигиена. Не се плашете ако кутрето му го лижне рачето на детето, тоа го намалува ризикот од астма и алергии.
3. Избегнувајте антибактериски сапуни.
4. Дајте им на децата ферментирана храна. Храната богата со влакна, јаткастите плодови и зеленчуците се идеални за обработување на микробите во дебелото црево. Ферментираната исхрана, како што се јогуртот и кефирот, ги чува добрите бактерии во организмот на детето.
5. Избегнувајте антибиотици, кога е возможно. Прекумерната употреба на антибиотици ќе создаде отпорност, што негативно влијае на имунолошкиот систем.
М. Д. | Црнобело