Експлозивна фотка со која една мајка ја прослави бременоста, по 6 спонтани абортуси
По 6 спонтани абортуси, Џесика Махони конечно ќе стане мајка.
За да ја прослави оваа прекрасна вест, најмила вешта фотографка која ќе и ја реализира следната идеја:
„Шест бебиња изгубени во чест на ова виножито бебе. Се надевам дека мојата приказна ќе им помогне на другите родители да сфатат дека не се сами, бидејќи знам колку е темно и осамено чувството да загубиш бебе“, напиша мајката под фотографиите објавени на социјалните мрежи.
„Виножито бебе има значење. Неговата убавина не ја побива бурата која се случила. Кога ќе се појави виножито, не значи дека никогаш немало бура. Виножитото значи дека сепак се појавило нешто полно со светлина помеѓу сите тие темни облаци.“
М. Д. | Црнобело