Родено првото бебе од тројца родители
Научниците тврдат дека е родено првото бебе со три родители, благодарение на контроверзната техника која комбинира ДНК од 3 различни луѓе - мајката, таткото и донатор.
Целта била детето да се заштити од развој на генетска болест од страна на неговата мајка, заради која претходно имала изгубено 2 деца.
Раѓањето на бебето-момче ќе биде детално објаснето и објавено идниот месец.
Техниката не е одобрена во САД, но докторите тврдат дека „да се спаси живот е етичка работа.“
Мајката на бебето имала ДНК која можела да пренесе психолошко пореметување познато како Leigh синдром, коj обично убива после неколку години по раѓањето.
Од истата болест родителите изгубиле 8-месечно и 6-годишно дете.
Техниката вклучува отстранување дел од ДНК-то на мајката од оплодената јајце клетка, кој се верува дека го предизвикува психолошкото нарушување и се вметнува ДНК од донорот.
Како резултат на тоа, детето носи ДНК од двајцата родители плус донорот. Сепак, учеството на донорот е минимално.
Минатата година Британија стана првата земја во светот која дозволува создавање на ембриони со оваа техника, додека во САД техниката се процени како неетична и непотребен експеримент.
М. Д. | Црнобело