Босо дете? Ама подот е валкан! И што ако настине?

Босоногоста (како за големите, така и за малите) кај нас сè уште не е во мода... И понатаму, за некои родители поважно е да се види дека детето има брендирани чевли.

boso-dete-ama-podot-e-valkan-i-shto-ako-nastine-001.jpg

Родителството на новото доба и за мене како психолог значело откривање на нови светови за кои дотогаш, едвај сум знаела дека постојат.

Првата средба со небалкански модел на воспитување на децата беше, благо кажано, шокантен.

Деца босоноги на температура од 18 степени. Дури и кога надвор врне.

Надвор се прават мали базени од дождовна вода, а децата во нив бескрајно уживаат водени. Родителите дури и им помагаат во таа игра.

На игралиштата не можете да сретнете деца кои си играат и родители кои седат и наредуваат: „Немој да трчаш, ќе се испотиш!“, „Не го ставај тоа во уста!“, „Не трчај, ќе паднеш!“.

Загрижени се само оние родители кои ќе забележат дека нивното дете не е расположено да ја истражува околината околу себе.

Таа загриженост на родителите потекнува од сознанието дека развојот на моторички вештини, помага во развојот на говорот и мислењето, па и општиот интелект на детето.

Уште не оди, тогаш како може да се движи во парк надвор од количката?

Алтернативата е да не се излегува воопшто.

Нашата прошетка во количка воопшто не е опција, но на мене ниту седењето дома, непрестајно и во затворен простор, не ми е опција.

Ниту пак да ја „тренирам“ да седи во количка додека го слушам нејзиниот неутешен плач заради силната потреба за активност.

Значи или седење затворени дома или ползење.

Се чини дека ползењето се покажа како добра идеја, односно дека воопшто не е страшно. Важно е само да се заштити детето, посебно ако мора да се движи на асфалт, а тоа може да се направи со соодветна заштита (подебели тренерки или штитници).

Резултат: Нејзина среќа заради можноста да истражува и други простори, да гледа други деца и да стекне нови искуства кои претходно ѝ биле ограничени.

Што ако стави нешто во уста? Ако најде некое камче?

Детето има потреба да запознае различни предмети, а еден вид на запознавање е и тоа што ќе се обиде да ги стави во уста.

Ако ги тргнеме на страна предметите кои можат да бидат опасни, и на кои секако ќе мора да обрнеме посебно внимание, сè што останува за детето е стекнување на нови иксуства.

Како на дождот надвор? Ќе биде мокра, може да настине!

Не е страшно детето да стави гранка во уста или камен, ќе го проба и ќе сфати дека не е вкусно, ниту за во уста и нема да „добие некоја болест“.

На детето ќе му дадеме знаење дека тие работи не се вкусни, ќе ги извади од уста и нема да ги проба повторно.

И тогаш гледате деца кои уживаат на дождот кои си играат и се забавуваат. Дождот е само вода. Гумени чевли, добар капут и забавата може да почне.

Ама ќе се извалка! Песок, кал, на што ќе личи? И така детето треба дома да влезе...

Песокот и калта не се само песок и кал, и да, можат да бидат многу забавни за игра.

А, валканата облека се пере во машина.

Да, некогаш е потребно дополнително да се чисти облеката после таков тип на игра, но што е тоа во споредба со непроценливата радост на детето заради слободната игра?

Најчести прашања поврзани со децата во парк или други простори:

- Како само ќе се качува, ќе трча и ќе оди?

- Дали да му дозволиме движење во угорници и скали?

- Што ако падне?

- На кои направи и висини да се качува?

Неретко нашиот сопствен страв нè тера да размислуваме на принципот дека подобро е да го држиме детето внатре и да го заштитите од сите потенцијални опасности, па на тој начин му ги скратуваме можностите за правилен развој.

Совладувањето на нови простори и препреки не само што допринесуваат за развојот на моторичките вештини, туку и воопшто го поттикнуваат когнитивниот развој на детето.

Со други зборови, детето гради самостојност, учи да ги проценува ситуациите и своите можности, да се потпира на сопствените капацитети и да гради самодоверба.

А, тоа искуство, може да се стекне само со можноста да падне.

Не треба да се качува на поголеми висини само ако знаете дека така ќе избегнете потенцијално многу опасни повреди.

Босо дете? Ама подот е валкан. И што ако настине? Што ако згази на нешто?

Денес ширум светот одењето со боси нозе се смета за наједноставен, најефикасен и истовремено најдиректен начин да се сочува здравјето на детето.

Ако трча на трева и се плашите од инсекти, заштитете го со соодветен спреј, а потоа дозволете му да се препушти на играта.

На крајот, кога ќе ги видите вашите мали палавковци како уживаат во играта, можеби и вие ќе решите да им се приклучите во забавата.

Сјајот во очите на моето мало девојче ме натера да ги напуштам моите вообичаени лични ограничувања да излезам на дождот и да дозволам капките да паднат на мојата кожа.

Одењето со боси нозе, седењето на земја и тркалањето по трева, сега станаа мои вообичаени дневни ритуали.

boso-dete-ama-podot-e-valkan-i-shto-ako-nastine-2.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg