Видео на денот: Ќеркичка го бодри својот татко додека ѝ прави фризура
Спротивно на верувањата на повеќето цинични луѓе, во светот сè уште постои добрина, а доказ за тоа е едно видео кое стана вирална сензација - мала ќеркичка го бодри својот татко додека тој ѝ прави фризура.
На видеото се прикажани Дерик и Линда Кулпепер.
Дерик наутро ги дели обврските заедно со неговата сопруга Лакиша.
Тоа значи дека морал да научи и како да ѝ прави фризури на својата ќеркичка и да ја подготвува за на училиште.
„Тоа е нешто што мојата сопруга го бараше од мене, а јас немам проблеми да ги задоволам нејзините желби“ - изјавил таткото.
Но, работата се чини оди полесно кога неговата 3-годишна ќерка го бодри, па токму тоа е и прикажано на видеото.
Откако ова видео стана вирална сензација на Твитер, Кулпепер добива само позитивни коментари за неговиот начин на воспитување на 3-годишното девојче:
Something to brighten up your day: An adorable little girl encouraging her Dad while he tries to do her hair. pic.twitter.com/Y1FcxSiHYj
— #becauseofthemwecan (@Becauseofthem) September 20, 2016
Н. Г. | Црнобело