Славни жени кои станале мајки после 40-та година
Во денешно време сè поголема е стапката на жени кои решаваат да станат мајки дури откако ќе наполнат 40 години.
Напредокот на медицината на некој начин се повеќе е во корист на овие мајки, овозможувајќи им „растегнување“ границата за раѓање деца.
На овој начин жените имаат доволно време за себе, за својата кариера и за сите оние работи кои сметаат дека треба да ги средат пред да се посветат на улогата на мајка.
Познатите личности се донекаде главните „виновници“ за појавата на овој тренд.
Голем број од нив ставајќи ја кариерата на прво место го одложуваат мајчинството за што е можно подоцна во животот.
Ова се само дел од познатите личности кои станале мајки после 40-та година:
1. Моника Белучи
Раѓајќи ја првата ќерка само 2 недели пред да наполни 40 години, и втората на возраст од 45, Моника признава дека никогаш не сакала да биде млада мајка и долго време не била подготвена за таква улога. Сега признава дека децата се нешто кое ја прави најсреќна, и ги советува жените да не го следат нејзиниот пример и да не чекаат толку долго.
2. Џулија Робертс
Познатата актерка е мајка на три деца, близнаците Хејзел и Фин, и синот Хенри, кој таа го роди токму на 40 години.
3. Хали Бери
Хали Бери за првпат стана мајка на 41 година, раѓајќи ја ќерката Нала, за потоа, на 47 години, да го роди и синот Макао. Таа признава дека втората бременост и не била баш планирана, но сепак и донела огромна среќа, како неа, така и на Нала која долго време сонувала за брат или сестра.
4. Салма Хајек
Селма за првпат стана мајка на 41 година. Таа вели дека решила да ја донесе на свет нејзината ќерка во моментот кога се чувствувала подготвена да стане мајка.
5. Марша Крос
Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ долго време се борела со неплодноста и конечно успеа да ја надмине на возраст од 45 години раѓајќи ги близначките Иден и Савана.
6. Сузан Сарандон
Во младоста докторите и кажале дека нема да може да има деца. Сепак таа ги побила нивните тврдења станувајќи мајка на 3 деца и тоа на возраст од 39, 43 и 45 години.
7. Гвен Стефани
Славната пејачка е мајка на три сина, од кој последниот, Аполо, го роди на возраст од 43 години.
8. Линда Евангелиста
Познатиот модел за првпат се реализираше во улогата на мајка на 42 години раѓајќи го синот Августин.
М. С. | Црнобело