„Сакано мое бесно дете“... Искрена исповед на една мајка

Мразев кога родителите нè стрелаа со тој заканувачки поглед што значеше само едно: Послушај ме или ќе игра каишот!

sakano-moe-besno-dete-iskrena-ispoved-na-edna-majka-01.jpg

Нè испраќаа во собите, а ние бесшумно се повлекувавме како некои мравки. Некогаш сакав да го кренам гласот и да се побунам, но ми беше страв од казната која може да следи.

Знам само дека си мислев, никогаш нема да речам „Ќотекот излегол од рајот“ кога ќе дојде ред за моето дете.

Нема да има викање, нема да има закани, остри погледи и луто испраќање во собата. Со моето дете ќе биде поинаку.

И 20 години подоцна ми се тресна од главата како лоша карма.

Полошо е.

Чувствувам дека моето дете ме држи како заробеник. Звучи смешно, но тоа ги влече сите конци, ги притиска моите копчиња како некој мал член на Гестапо.

Се обидувам да не ја разгалувам, да ги решиме сите работи со смирен разговор, но некои денови таа ме излудува толку многу што можам да се расплачам.

Возрасна жена и мајка да плаче во ќоше, додека малечкото се врти во круг и по 10-ти пат ја пее истата песна од Frozen со неконтролирано дерење.

Тогаш само посакувам да ја шлапнам по газот. Да ја потегнам за коса, да ѝ го штипнам рачето за да се смири малку, да замолчи. И веднаш се прекорувам, се срамам, бидејќи заличувам на моите родители.

Замижувам и бројам до 5 да ми помине. Ги отварам очите и ме дочекува хаос, сакала да докачи некои бонбони и растурила половина кујна.

Ништо, сè е во ред. Веќе трети ден како го носи истиот фустан и тврдоглаво одбива да облече нешто друго.

Хистерично ги шутира коцките кога не може да ги намести онака како што треба. Си помислувам како во Америка досега ќе ја ставеја на терапија за смирување.

Сака да бои, само што листовите се премало уметничко платно за моето талентирано дете. Поинтересни се ѕидовите и гарнитурата.

Се лути кога ѝ давам да јаде, сакала сама. Ја оставам само за да направи лом. Добро, така се учат децата, се тешам. Нека биде лом, се средува. Фустанчето е како покакано, ѝ велам дека е валкано и мора да го смениме. Почнува да вика и да цмиздри истовремено.

Клоца со ноџињата, додека јас вријам. Се чувствувам беспомошна, тажна, вистински неуспех од мајка.

Навистина ли не можам да го смирам сопственото дете без ќотек? Ќе дојдеме ли до констатацијата на моите родители, дека ќотекот навистина излегол од рајот?

Додека седам меѓу хаосот од играчки кои ги средуваме најмалку 3 пати во денот, а се растураат пак за помалку од 3 секунди, се прашувам до кога ќе трае ова.

Ми мавта весело бидејќи сама си ги измила рачињата. Фустанот е потоп, има малку сапуница и на обравчињата, а славината уште тече, иако излегла од тоалетот.

Почнува да плаче зошто омилениот цртан веќе завршува на тв. Замижувам и бројам до 5...

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg