8 работи за воспитувањето кои ги научив додека работев како наставник во Кина

Да растеш во Кина не е лесно. Но, децата се учат на тешкотиите кои им ги носи животот уште од прво одделение и не се поштедени од реалноста.

8-raboti-za-vospituvanjeto-koi-gi-nauciv-dodeka-rabotev-kako-nastavnik-vo-kina-1.jpg

„Имав шанса да работам како наставник по англиски јазик во едно училиште во Кина, и откако поминав неколку месеци таму, сфатив 8 работи за воспитувањето на децата“, раскажува наставникот со потекло од Русија:

1. Многу училишта во Кина немаат греење, па во зима наставниците и учениците се секогаш со палта. Но, училишните униформи се задолжителни дури и тогаш - широки панталони и наметка.

2. Во Кина сите вежбаат. Нема дете кое седи и ги гледа или им се потсмева на оние кои вежбаат. Утринските вежби се посебно ценети, а по третиот час децата имаат вежби за релаксирање на очите.

8-raboti-za-vospituvanjeto-koi-gi-nauciv-dodeka-rabotev-kako-nastavnik-vo-kina-2.jpg

3. Паузата за ручек обично трае по цел час. За тоа време децата не само што седат и го јадат својот бесплатен оброк, туку имаат шанса и да поразговараат, да ги растегнат нозете и да разменат шеги со соучениците. Во некои училишта дури има и време за дремка.

8-raboti-za-vospituvanjeto-koi-gi-nauciv-dodeka-rabotev-kako-nastavnik-vo-kina-3.jpg

4. Сите имаат посебна почит кон учителите и секогаш им се обраќаат со „наставнику“ пред името. Во некои училишта при запознавањето децата дури и ми се поклонуваа.

5. Во многу училишта се користи физичката болка како казна. Учителите имаат дозвола да ги удрат децата доколку направат или кажат нешто недозволено.

6. Децата во Кина учат повеќе од 10 часа во денот, секој ден. Часовите обично почнуваат од 8 наутро и траат до 4 часот попладне, по што децата се испраќаат дома со еден куп домашна работа која обично ја завршуваат до 10 часот навечер.

8-raboti-za-vospituvanjeto-koi-gi-nauciv-dodeka-rabotev-kako-nastavnik-vo-kina-4.jpg

7. Системот на едукација се базира на помнење информации или што би рекле ние учење на памет. Децата мора да запаметат огромни количини на информации и материјали. Учителите ретко се грижат колку тој материјал е разбран.

8. Децата од сиромашни семејства кои не сакаат да учат обично се праќаат во училишта за кунг фу. Посветени се на секојдневни вежби и физички напор, а едукацијата им е на основно ниво.

8-raboti-za-vospituvanjeto-koi-gi-nauciv-dodeka-rabotev-kako-nastavnik-vo-kina-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg