Мала родителска тајна која ја применуваат Кејт и Вилијам со принцот Џорџ
Секој родител има трик кој постојано го користи при одгледувањето и воспитувањето на сопственото дете.
Близната и довербата која ќе ги стекнете кај детето се клучот за правилна комуникација и можност да делувате врз него онака како што сметате дека е правилно.
Принцот Вилијам открива дека користи еден одличен трик кој му помага да остане близок со децата.
Ако ги погледнете фотографиите од неговиот 3-годишен син Џорџ, ќе забележите дека Вилијам често клекнува додека зборува со него.
Кога ќе се најдете на исто рамниште со детето имате можност да погледнете во неговите очи.
Експертите ваквата комуникација ја нарекуваат активно слушање, и таа им овозможува на децата чувство дека се подеднакво важни како и возрасните и дека и нивните зборови се внимателно слушнати.
Секако клекнувањето покрај детето не е доволно, туку одвреме-навреме треба да ги оставите нештата кои ги правите и да му го посветите целото внимание на детето.
Следниот пат кога вашето дете ќе сака внимание, клекнете до него и разговарајте, гледајќи го право во очи. Тоа ќе ја зголеми неговата самодоверба, довербата во вас и ќе ви помогне многу полесно да ја надминете настанатата ситуација.
М. С. | Црнобело