Дали децата треба да бидат голи на плажа?
Многу родители денес живеат во страв од преземање одговорност и донесување одлуки. Една од таквите одлуки е дали децата ќе носат костим за капење на плажа или не.
Порано нештата биле многу едноставни, нашите родители согласно нивните размислувања донесувале ваква или таква одлука. Сега нештата се далеку посложени, бидејќи за секоја одлука кога е детето во прашање прво се консултираме со лекар, што можеби и е оправдано, за потоа да се консултираме со сите родители низ светот преку безбројните социјални мрежи, што е сосема погрешно.
Некогаш било сосема во ред малите деца да бидат голи на плажа, но од пред некое време се чини дека тоа се менува.
Денешните родители сметаат дека децата треба да носат костим за капење од хигиенски причини, иако претходно постоело тврдење дека токму на тој начин бактериите се задржуваат до гениталиите.
Другата причина заради која младите родители ги облекуваат децата се заштита од настраните погледите или снимките кои некој би можел да ги направи.
Меѓутоа она што им недостасува на сите овие родителски грижи е размислувањето за потребите на нивното дете.
Психолозите објаснуваат дека не сите деца во ист период чувствуваат срам или пак се свесни за нивните интимни делови од телото.
Воспитна мерка во вид на преземање родителска одговорност, според нив, е да го облечете детето со костим за капење откако ќе наполни 2 години, со што тоа ќе има можност да направи разлика меѓу јавна и приватна средина.
Најважно е да не го терате детето ништо со сила. Доколку тоа не сака да го облечете не му вршете притисок и оставете го самото да побара од вас да го направите тоа.
Притисокот и правењето нешто кое тоа не го сака само создаваат трауми кај децата кои подоцна водат кон многу несакани последици.
М. С. | Црнобело