7 начини како бебето полесно да се справи со високите температури

Секој родител знае колку е мачно да имаш мало бебе на +40 степени, да треба да го нахраниш, заспиеш, изнесеш на свеж воздух... Сето тоа е невозможна мисија кога надвор е неподносливо топло.

7-nacini-kako-bebeto-polesno-da-se-spravi-so-visokite-temperaturi-1.jpg

Помеѓу мајките секогаш се шират совети од типот „не вклучувај клима додека детето е во собата“, па затоа еден украински доктор ги побива сите митови и нуди 7 начини како безбедно да го разладите бебето во лето.

1. Одберете клима

Колку и да мислите дека вентилаторот е поблага варијанта, климата е подобар избор. Се додека внимавате на температурата и влагата, детето нема никаква штета.

7-nacini-kako-bebeto-polesno-da-se-spravi-so-visokite-temperaturi-2.jpg

2. Почитувајте ја оптималната температура и влажност на воздухот

Температурата не смее да е пониска од 18 степени, а за идеална се смета 22 степени. Влажноста на воздухот не смее да е помала од 40%.

7-nacini-kako-bebeto-polesno-da-se-spravi-so-visokite-temperaturi-3.jpg

3. Температурата треба да се намалува постепено

Ако во собата е 30 степени, тогаш мора да почнете од ладење на 28 степени, па да намалите на 26, па на 24.

7-nacini-kako-bebeto-polesno-da-se-spravi-so-visokite-temperaturi-4.jpg

4. Често проветрувајте

На 15-тина минути отворете го малку прозорот. Подобро нека навлезе топлина, па повторно да оладите, отколку цел ден да го изолирате детето од свежиот воздух.

7-nacini-kako-bebeto-polesno-da-se-spravi-so-visokite-temperaturi-5.jpg

5. Внимавајте на поставеноста на климата

Уредот не би требало да биде поставен веднаш над креветчето на бебето или столчето за јадење. Распоредете го мебелот така што под климата да нема апсолутно ништо што може да го привлече бебето.

7-nacini-kako-bebeto-polesno-da-se-spravi-so-visokite-temperaturi-6.jpg

6. Разладување со вода

Корисна работа се млаките тушеви. На 1-2 часа, истуширајте го бебето со млака вода 1 до 2 минути. Не мора да го бришете целосно, оставете малку влажност на кожата.

7-nacini-kako-bebeto-polesno-da-se-spravi-so-visokite-temperaturi-7.jpg

7. Многу течности

На децата им требаат многу течности. Давајте им вода, незасладени природни сокови, оладени чаеви, свежо овошје со висок процент на вода...

7-nacini-kako-bebeto-polesno-da-se-spravi-so-visokite-temperaturi-8.jpg

Најважно правило - Ако на родителите им е топло, на бебето му е двапати потопло. Климата не е непријател, сè додека ја користите правилно.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg