7 работи кои не сака да ги слушне ниту една жена која се бори со неплодност
За некои жени процесот доаѓа природно, па дури и непланирано, без којзнае колку труд и мака, но за огромен дел од популацијата зачнувањето бебе е предизвик.
Борењето со неплодност е исцрпувачка и пред сè интимна работа, а многумина понекогаш забораваат на доброто воспитување и ја преминуваат границата со невкусни прашања.
Свесно или несвесно, тие ја повредуваат идната мајка, а ова се 7-те работи кои не сака да ги слушне ниту еден пар кој се бори со неплодност:
1. „Само опушти се, ќе биде.“ Зарем мислите дека веќе не се обиделе да се опуштат? Повторувањето на овој совет како некоја мантра е прилично иритирачки и непотребен.
2. „Што знам, мене ми беше многу лесно да забременам.“ Не. Значи никогаш не ѝ го кажувајте ова на жената која очајно се обидува да забремени.
3. „Уживај и спиј додека можеш.“ Сте размислиле ли дека некои жени би останале ненаспани по цели ноќи, само за да ја почувствуваат среќата која вие веќе сте ја искусиле?
4. „Можеби треба да го смениш начинот на живот.“ Вообичаено, ваквите совети ги даваат оние кои најмалку се грижат за своето здравје.
5. „Еве, земи ги моите деца на една вечер да видиш како е.“ Тоа нема да реши апсолутно ништо.
6. „Секогаш имаш опција Ин-Витро.“ Секако дека има опција Ин-Витро, и таа е напорна, болна и скапа процедура. А, многу веројатно е дека парот веќе го пробал ова или секако го има веќе во опциите.
7. „Купи си куче.“ Бидејќи бебе и куче се едно исто, нели....?!
(О)Милена | Црнобело