12 правила за секоја мајка на ќерка: Внимавајте што зборувате за вашето тело пред неа
Воспитувањето ќерка е навистина тешко, всушност растењето на деца воопшто е навистина тешка и одговорна работа.
Познатата блогерка Кариса Енсел го споделува своето искуство за тоа како треба да се одгледуваат ќерките, водејќи се од секојдневните ситуации кои ѝ се случуваат со сопствената ќерка.
„Мојата ќерка има 8 години и е на чекор од нејзините тинејџерски години кои секој од нас родителите навистина го плашат. Секако тоа е сосема нормално, бидејќи секој од нас се грижи за сопственото дете и сака да му обезбеди сигурност и безбедност.“ – објаснува таа.
Ова се 12 работи кои според неа секоја мајка која има ќерка треба да ги знае:
1. Вашата шминка станува нејзина шминка
Бидете подготвени да најдете кловн секогаш кога ќе ја оставите насамо со вашата шминка барем 5 минути.
2. Разговорот за менструалниот циклус е навистина непријатен, но е многу важен
Секоја мајка сака да ја подготви својата ќерка за овој момент, но она што е важно е да бидете отворени со неа за сите промени кои ќе му се случат на нејзиното тело и секако важно е да направите дасе чувствува слободна да разговара за тоа со вас.
3. Светот ќе ја натера прерано да порасне
А, ваша работа е да го спречите тоа колку што можете повеќе. Ваша работа е да одредите граници кои таа ќе мора да ги почитува без оглед на тоа колку застарено изгледаат. Вие одредувате дали од 8, 9 или 10 години ќе дозволите таа да користи мобилен телефон, да се шминка, каква облека да носи...
4. Охрабрувајте го и поддржувајте го нејзиниот однос со татковците
Вие сте им толку многу потребни како женска личност со која ќе споделат многу нешта, но мора да знаат дека и машката љубов од татковците е подеднакво силна како и вашата. На тој начин, ќе знаат полесно да препознаат дали некое момче навистина ги сака и се грижи за нив или само си поигрува.
5. Научете ги на вредноста на навиката за штедење пари
За еден ден да не мораат да зависат од никого и тоа да не влијае врз нивните животни избори.
6. Бидете внимателни за начинот на кој зборувате за вашето тело пред нив
Вие ќе бидете примерот за тоа како таа треба да се однесува кон своето тело. Ако постојано зборувате негативно за вашиот изглед, и си префрлате за вишокот килограми, не чудете се ако и таа уште на најмала возраст почне да го прави истото.
7. Заштитете ги, но и научете ги како да се борат за себе
На светот му се потребни повеќе силни жени. Вашата ќерка треба да знае дека вие сте тука да и помогнете, но пред да го направите тоа, дозволете ѝ сама да се обиде да ги реши работите.
8. Делете и комплименти за работи различни од нејзината убавина и изглед
Таа треба да знае дека вреди многу повеќе од само нејзиното убаво лице. Затоа кажете ѝ дека е паметна, забавна или љубезна. Нешта што нема да избледат со времето.
9. Поставете граници во животот за тоа како ќе ве третираат луѓето
За таа да може да гледа и да учи. Вие сте нејзиниот најголем учител, а таа учи многу повеќе од нештата кои ги правите отколку од нештата кои ги зборувате.
10. Следете ги сопствените соништа и страсти
Поставете ѝ пример дека следењето на соништата и страстите е нешто толку важно што таа никогаш нема да го заборави. Споделувајте ги со неа вашите успеси и покажете ѝ колку е важно чувството на исполнетост и среќа.
11. Научете ја да биде паметна кога се момчињата во прашање
Учењето како да им верува на инстинктите и претчувствата е многу важно кога се момчињата во прашање. Секако тоа нема да спречи кога-тогаш да биде повредена, но сепак ќе ѝ биде многу корисно во животот.
12. Помогнете ѝ да сфати дека нејзиното тело треба да биде ценето и почитувано
Покажете ѝ го тоа така што вие ќе се однесувате кон вашето тело со почит. Отворено разговарајте за врските и за тоа како таа не смее да дозволи да биде третирана.
М. С. | Црнобело