Листа на желби: 7 работи кои секоја жена треба да ги направи пред да има дете
По бременоста на жената, се случуваат драматични промени кои предизвикуваат низа од емоции – од неопислива радост до носталгија за поранешниот живот.
Смислата на животот се крие во уживање во сите едноставни и малечки моменти кои можете да ги искористите пред да се роди вашето дете.
Плус, дозволено е да бидете себични ако сте во 20-тите. Искусете сѐ што ви нудат годините, бидејќи така ќе знаете дека сте го искористиле секој момент и ќе сакате да се посветите на нешто друго.
Откако ќе направите сѐ што сакате, тогаш желбата да бидете себични ќе ви помине и ќе бидете спремни комплетно да му се посветите на вашето дете.
Затоа ова се 7-те нешта кои треба да ги направите пред да имате дете:
1. Целосно прочитајте книга
Во денешно време, читањето книга се смета за луксуз. Тоа мало и скапоцено време за читање станува уште помало и поскапоцено кога ќе имате деца. Веднаш штом започнете да читате, ним им треба нешто за пиење или сакаат да ви кажат нешто.
Па, затоа, пред да станете родител уживајте во моментите кои можете раат да ги посветите на читањето без некој да ве вознемирува.
2. Запишете се на некаква активност
Штом ќе имате деца, немате време за разгледување на градот и секојдневни прошетки. Бебињата се професионалци во трошење време – тие постојано ве држат активни и зафатени до тој степен што на крајот од денот се прашувате што сте постигнале.
Затоа пред утринските и ноќните рутини да ги замените со ритуалот на спиење, хранење, менување пелени, чистење и повторување на истото, запишете се на некаков час. Збогатете ја душата со часови по јога, кулинарски курс или фотографија и сликарство.
3. Уживајте во гледањето филмови и серии
Пред да почнете да гледате цртани филмови од утро до вечер, пробајте да уживате во нештата што вие сакате да ги гледате. Нема ништо по ослободително од поминувањето цел ден дома и гледањето на омилените серии и филмови.
Време е да влезете во зоната на комфорот и уживајте додека можете.
4. Одете на спонтано викенд патување
Нема ништо повозбудливо од патување по напорната работна недела во канцеларија. Во едната рака пикник торбичка, во другата GPS навигација и спремни сте за викенд авантура.
Секако дека и кога ќе имате деца ќе патувате, но клучниот збор овде е спонтано т.е. нешто што ќе ви биде навистина дефицитарно кога ќе имате дете. Фатете го партнерот или пријателките за рака и одете на некое комплетно неочекувано место.
5. Одете на вечера во убав ресторан
Можноста да одите на вечера по 9 часот навечер е дефинитивно задоволство кое може да го имате само кога немате деца или кога тие се доволно пораснати.
Да бидеме искрени, скоро и да нема поубаво чувство од дотерување за некој убав ресторан и пиење на убав шампањ, проследено со некој сладок и скап десерт. Вечерта е комплетно ваша.
6. Уживајте во нецензурирана музика и филмови
Децата се како сунѓери – тие впиваат сѐ од нивната околина, а некогаш и без да знаат. Дури кога мислите дека имаат друга занимација или се премногу зафатени со храната и не слушаат, нивните уши секогаш се вклучени за време на вашиот разговор.
На почетокот навистина е тешко да се воздржите од пцуење, но дури и нецензурираните филмови и музика треба да бидат „забранети“.
Ако не го направите тоа, можеме да ви гарантираме дека вашето преслатко мало детенце ќе повтори некој срамотен збор пред ваш пријател или колега.
Пред да ви се роди детето, изнаслушајте се на сите можни рап албуми кои ги сакате, пејте на цел глас, гледајте ги сите филмови полни со пцости, затоа што кога ќе имате бебе ќе треба да ги исклучите и да се воздржите од нив.
7. Патувајте со авион колку што можете повеќе
Долгите летови се напорни за возрасните, а камоли за децата. Нема каде да трчаат, а вие нема каде да се скриете.
Патувањето со деца е напорно и бара многу трпение и играчки. Затоа, сега уживајте и патувајте колку што можете повеќе пред да започнете да трчате по малото дете кое без престан го бара вашето внимание.
С. С. | Црнобело