Мајка ми ме научи на многу работи, вклучувајќи го и зборот генетика - „Ова го наследи од татко ти!“
Секое сеќавање на детството со сигурност ве враќа на некои трагикомични спомени. Но над сè секогаш тука е благодарноста која ја поврзувате со секој драгоцен момент.
Никој на светот не ве разбира подобро од вашата мајка. Дури и кога ве кара, нејзините зборови содржат во себе вредни лекции кои еден ден ќе ви бидат од голема корист.
Тоа се лекции кои никогаш нема да ги заборавите – особено ако имате добра смисла за хумор!
Ова се лекциите од нашите мајки кои секогаш ни измамуваат насмевка на лицето кога и да помислиме на детството.
1. Мајка ми ме научи да го почитувам трудот на другите: „Во ред, момци, ако планирате да се испотепате, одете надвор, само што го исчистив подот!“
2. Мајка ми ме научи да верувам во виша сила: „Помоли се дамкава да се испере, зашто ќе биде тешко тебе!“
3. Мајка ми ме научи да размислувам логички: „Зошто? Зошто јас велам така, ете затоа!“
4. Мајка ми ме научи да размислувам за последиците од моите постапки: „Ако паднеш од прозорецот сега, немој ни да си помислил да ме молиш да те носат во трговскиот центар попладне!“
5. Мајка ми ме запозна со поимите акција-реакција: „Престани да плачеш или ќе те истепам!“
6. Мајка ме научи да го остварам невозможното: „Затвори ја устата и јади ја супата!“
7. Мајка ми ме научи што значи зборот волја: „Нема да станеш од масата сè додека не изедеш сè во чинијата!“
8. Мајка ми ме научи храбро да ѝ се спротивставам на иднината: „Само почекај да стигнеме дома! Ќе си поразговараме убаво ние двајца!“
9. Мајка ми ме научи на основните работи за грижата за себеси: „Престани да ги кривиш очите или за цел живот ќе ти останат такви!“
10. Мајка ми ме научи да бидам флексибилен: „Погледни ја само оваа нечистотија на задниот дел од вратот!“
11. Мајка ми ме научи дека постои екстрасетилна перцепција: „Престани да се преправаш дека не ти е ладно – не можеш да ја излажеш мајка ти! Веднаш облекувај го џемперот!“
12. Мајка ми ме научи на тајната на зрелоста: „Јади го зеленчукот или никогаш нема да пораснеш!“
13. Мајка ми ме запозна со значењето на зборот генетика: „Ова го наследи од татко ти!“
14. Мајка ми направи да се сомневам дека суперхероите навистина постојат: „Можат да гледам низ тебе, млад господине!“
15. Мајка ми ме научи да гледам на добите нешта во секоја ситуација: „Повторно си ја претворил собата во права кочина!“
16. Мајка ми ми кажа како треба да се однесувам: „Престани да се однесуваш како татко ти!“
17. Мајка ми ми објасни од каде доаѓа вистинската мудрост: „Прво доживеј ги моите години, па кажи што имаш да кажеш!
18. Мајка ми ме научи на нејзиниот единствен бренд на „хумор“: „Кога ќе си ги исечеш нозете со таа косилка за трева, не ми доаѓај со плачење!“
19. Мајка ми ме научи да бидам реален: „Ти кажав МИЛИОН пати – престани да претеруваш!“
20. Мајка ми ме научи да не бидам завидлив: „Постојат безброј кутри деца низ светот кои немаат среќа да имаат такви прекрасни родители какви што имаш ти!“
М. С. | Црнобело