Како една мајка направила богатство од $15 милиони после посетата на доктор со болното дете?
Кога Џенифер Холанд била во 38-ма недела од бременоста со нејзиното второ дете, морала да го однесе своето друго 15-месечно болно дете на доктор.
Малечкиот Ронан седел нервозно во нејзиниот скут, додека докторот се мачел да му ја отвори устата со дрвено стапче за да му го прегледа грлото, а истовремено и да му свети со светилка за поголема прегледност.
Тоа ја натерало Џенифер да размисли како целиот макотрпен процес би можел да се олесни. Така дошла до идејата која денес вреди $15 милиони долари.
Инструментот кој мајката го дизајнирала е комбинација од стапче за преглед и светилка.
„Сфатив дека светлото се пренесува низ пластиката, па така светилката и дрвото може да станат минато,“ вели 33-годишната мајка.
Совршено решение за молењето и детското врескање: