Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 важни работи кои треба да му ги дозволите на детето за да биде среќно

Сите сакаме нашите деца да имаат мирно и безгрижно детство како би можеле да пораснат во среќни личности.

7-vazni-raboti-koi-treba-da-mu-gi-dozvolite-na-deteto-za-da-bide-srekno-01.jpg

За жал, заради огромниот број обврски кои секојдневно ги имаме не обрнуваме доволно внимание на потребите кои децата ги имаат, забранувајќи им голем број работи бидејќи не сме сфатиле колку тие им се важни нив.

Овие 7 работи се нешта кои треба да им ги дозволите на вашите деца доколку сакате ти е да пораснат во успешни и среќни личности.

1. Дозволете им да јадат сами

Секако ќе биде побрзо и почисто ако тоа го направите вие. Но, учењето како да држат лажица и да јадат без да направат хаос е многу важно за нивниот развој.

Секако, тоа бара многу напор и трпение и од ваша страна и од страна на детето, но верувајте дека еден ден ќе бидете благодарни на себеси за тоа.

2. Дозволете им да ви помагаат во вашите обврски

Многу родители се научени да кажат „Ако ѝ дадам да однесе нешто сигурно ќе ѝ падне“, а само неколку години подоцна веќе почнуваат да се жалат како децата не им помагаат во ништо.

Јасно е дека никој не сака дополнителни проблеми и обврски со децата, но неопходно е децата да почувствуваат дека се корисни и им помагаат на родителите.

Уште поважно е кога детето ќе слушне пофалба за добро завршената работа. Тоа ќе го мотивира следниот пат да се потруди уште повеќе.

3. Дозволете им да цртаат сè што замислуваат во главата

За жал, не сите родители им даваат шанса на децата да ги нацртаат нивните фантазии на хартија. Најголемиот кошмар на секој родител се исцртаните ѕидови, мебел па дури и облека.

Но, имајте на ум дека креативноста, особено кога е изразена преку цртање не само што ја развива детската имагинација туку му дозволува на детето да ги изрази своите емоции на безбеден начин.

4. Дозволете им да ги изразат своите мисли

Иако сè поголем број родители сфаќаат дека нивното дете е посебна личност со сопствени мисли, чувства и желби, сепак не сите обрнуваат внимание на работите кои нивното дете ги кажува.

Тоа што вие сте родителот не значи дека секогаш сте во право. Дозволете му на вашето дете да ги изрази своите мисли и разговарајте со него како да е еднакво на вас, трпеливо објаснувајќи му сè што треба да знае.

7-vazni-raboti-koi-treba-da-mu-gi-dozvolite-na-deteto-za-da-bide-srekno-02.jpg

5. Дозволете му на детето да скока и трча низ домот

Со други зборови, дозволете им да ги изразат нивните чувства. На овој начин децата се релаксираат и ја трошат нивната енергија (која како што знаете ја имаат во огромни количини).

Секако мора да им поставите граници за ваквите активности, но важно е да најдете рамнотежа и да не бидете престроги.

6. Дозволете им да се забавуваат на игралиштето

Секогаш кога ќе го однесете детето на игралиште она што го слушате е „Внимавај!“, „Не го допирај тоа!“, „Ќе се извалкаш!“. На овој начин всушност и не им дозволувате баш да уживаат во времето поминато во безгрижна игра.

Наместо постојано да им довикувате научете ги како најбезбедно да се качат на скалите и да се спуштат по лизгалката. Така што ако веќе сте ги донеле на игралиште оставете ги да си играат, или воопшто не ги носете.

7. Дозволете им да гледаат цртани филмови

Секако, телевизиите нудат огромен број на цртани филмови за кои не можеме да кажеме дека се особено квалитетни за нашите деца. Одберете ги оние цртани филмови кои сметате дека се корисни и пуштете ги слободно да ги гледаат или гледајте ги заедно и подоцна разговарајте за нив.

На тој начин ќе видите колку детето ги сфаќа работите и ќе ја вежбате неговата перцепција и вештината за раскажување.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Босански психолог откри зошто се распаѓаат браковите на Балканот – наиде на критики „Мајките се подобри учители за децата, а татковците бегаат од одговорност“ – Гол...
Важни работи на кои треба да ги научите децата, пред да биде премногу доцна Учењето на децата за вредноста на парите и важноста на штедењето ја поставува ос...
7 ужасни навики на родителите со кои ги оттурнуваат своите деца Постојано ги критикувате и им покажувате љубов само кога ќе направат нешто што с...
„Дружете се со луѓе што имаат добар брак“ и уште 9 корисни совети за бракот „Ако го ставите бракот на прво место – и децата и вашиот брак ќе имаат корист. А...
„Научете ги децата да не се фалат со нови патики, туку со знаење“ - Српски психијатар со порака за р... „Наместо да поминуваат што е можно повеќе време со детето, родителите на децата ...
Грешки со кои им ја „убивате“ самодовербата на вашите деца, низ илустрации Ги споредувате со други деца, им ги омаловажувате неразвиените таленти, не им до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg