Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фит мајката која имаше стомачни во 9-от месец од бременоста, критикувана затоа што не знае да го држи бебето

Шонтел Данкан ја познаваме како фитнес моделот кој успеа да ги разбрани социјалните мрежи благодарение на нејзиниот мал труднички стомак и мускулесто тело, а овојпат таа повторно е мета за критики.

fitnes-modelot-so-muskuli-vo-90t-mesec-od-bremenosta-kritikuvana-za-nacinot-na-koj-go-drzi-bebeto-01.jpg

Шонтел дури и во 8-от и 9-от месец од бременоста не била како повеќето жени, кои едвај можат да одат и имаат голем стомак. Некои тогаш викаа дека не може да се познае дека наскоро ќе се породи и повеќето луѓе беа загрижени за здравјето на нејзиното дете.

Сега, кога конечно го доби својот син, таа реши да застане пред огледалото и да покаже како изгледа нејзиниот син кој е стар само 13 дена. На прв поглед би рекле дека нема ништо проблематично со тоа што сака да покаже со кого се гордее.

Но, многумина на социјалните мрежи забележаа дека не е во ред начинот на кој го држи своето бебе кое е само 13 дена старо. Џеремаја, нејзиниот син, е покриен во сино ќебе, а Шонтел го држи потпрен на своите гради со главата подигната.

„Загрижена сум за начинот на кој го држиш твоето бебе“ - пишал еден вознемирен следбеник на нејзиниот Инстаграм профил. Како и повеќето следбеници кои изразиле дека се загрижени за вратот на малечкото.

Шонтел набрзо потоа возвратила со уште една фотографија, а овојпат на истата, Џеремаја е со наведната глава кон неа.

„Тоа беше само момент кога кратко ја подигна главата и потоа повторно ја врати на моите гради. Новороденчињата можат да ја подигнат својата глава барем за кратко, не е како да стојам и правам фотографии додека тој е во неправилна положба. Имајте верба и искрено, ако не ви се допаѓа мојот профил секогаш можете да кликнете unfollow“ - објаснува новопечената мајка.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рани знаци на аутизам кои родителите треба да ги знаат Ако бебето не покажува интерес кога му зборувате и ако до првиот роденден не про...
Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на деца... Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете...
„Тагувам затоа што нема да бидам баба - моите ќерки одлучија дека никогаш нема да имаат деца“ „Со нетрпение очекуваш дека еден ден ќе бидеш баба на внучиња и потоа дознаваш д...
Мајка со видео од ќеркичката со Даунов синдром испраќа порака колку таа е совршена и прекрасна Една мајка со кадри од секојдневието на нејзината ќерка сака да прикаже колку мн...
Мисли кои ги мачат бремените жени, но се срамат да ги изговорат гласно „Во што ли се впуштив?!“, „Па ова е многу тешко!“... Во бременоста, жените се со...
„Мамо, тато, благодарам што ме држите кога плачам, дури и кога сте уморни и едвај стоите“ „Мамо, тато, можеби сум мал, но го забележувам вашето присуство (или отсуство). ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg