Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Си недостасувам вистинската јас, без деца, сопруг, семејство...

Седам вчера во кафана и уживам во чорбата. На соседната маса свирачите му свират на некој среќник на уво. Ми ја погодија песната. Солзите ми ја засолија чорбата.

si-nedostasuvam-vistinskata-jas-bez-deca-soprug-semejstvo-01.jpg

Толку ми треба, уште една песна и да ја почувствувам сета болка, за мајка ми, за татко ми, за детството. Жал ми е, на само неколку милиметри под кожа чувствувам како ми поминува тагата.

Ја чувствувам носталгијата како цел живот да сум го поминала далеку од мојот крај, како да сум зборувала туѓ јазик. Зошто сè е толку превртено?

Секогаш, ама баш секогаш, во секоја кафана, пред било кој, на истата песна. Ми се плаче. Ми се чини дека би плачела со денови само кога би смеела.

Во глава ми се вртат слики кои никогаш реално не се случиле.

Почнува песната, почнува болката, ја стискам чашата во раце додека не прсне. Почнувам да сфаќам, првпат во животот сфаќам што прават луѓето во кафана. Што бараат во неа.

Има долго време поминато како престанав да играм по дома, да пеам од петни жили, од стомак да врескам. Ми недостасува сè што ме тера да си ја барам слободата.

Си недостасувам јас, без деца, сопруг, семејство. Онаа автентичната, неприлагодлива, гласна, понекогаш чудна. Ми недостасува да мислам, чувствувам и изговарам сè што ќе ми падне на памет, без чувство на вина заради некој друг.

Ми недостасува да бидам тажна кога ми е потребно, да се смеам и глупирам без оглед на се, да грешам и да се тешам дека тоа не е толку важно, дека никој не зависи од мене.

Си недостасувам јас, каква и да сум.

Можеби наскоро ќе отидам во омилената кафана, повторно ќе ја нарачам истата песна и ќе скршам некоја чаша, а болката ќе биде смирувачка и сосема поднослива.

И можеби нема да биде важно што се изгубив на некое време за да се откријам во друго светло.

Би можело да ве интересира:

Вирална објава на една мајка: „Потрудете се да бидете добар брачен партнер, а не само добар родител“ „Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на ...
„Тагувам затоа што нема да бидам баба - моите ќерки одлучија дека никогаш нема да имаат деца“ „Со нетрпение очекуваш дека еден ден ќе бидеш баба на внучиња и потоа дознаваш д...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Совети за родители: Како да му помогнете на детето кое изгубило пријател? Внимателно слушајте го кога зборува за починатиот пријател, но истовремено не го...
„Имам три деца и признавам – најмалото ми е омилено“ „Знам, неприфатливо е да кажам дека имам омилено дете. Но, иако подеднакво ги са...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg