Татко сам на патување со ќерката: „6 важни лекции кои ги научив од неа“
Еден татко решил своето слободно време максимално да го искористи за да ѝ го покаже светот на својата 2-годишна ќерка.
„Отсекогаш сакав моето знаење да ѝ го пренесам, а според мене, најдобриот начин како да ѝ го покажам светот не е преку зборување и објаснување туку, преку покажување“.
Токму затоа, своите 8 слободни денови ги искористил за мини авантура со неговата ќерка.
„Имавме неколку едноставни правила:
Сакав да бидеме релаксирани и лежерни, да не планираме премногу, па секоја соба ја резервиравме само еден ден однапред.
Сакав да ги избегнеме големите градови и да одиме по помалку познати туристички рути.
Најважно, сакав мојата малечка ќерка да биде таа која ќе одлучува најмногу“ - објаснува таткото.
За него, ова е најдоброто патување кое го имал некогаш во неговиот живот.
Го посетиле Тајван, се дружеле со животни во фарма, ловеле риба со риболовци, се качувале по ридови и најважно, постојано се смееле...
Што научил од неговото патување со ќерката:
1. Децата имаат софистицирани методи за комуникација
Тие се далеку попаметни одошто мислиме и имаат повеќе разбирање. „Се најдовме на многу непознати територии и сфатив дека најважно е заедно да соработуваме, така ситуациите се далеку поедноставни за надминување“.
2. Повеќето стравови се неосновани
Таткото објаснува дека на почетокот неговите пријатели му советувале дека не треба да ја остава својата ќерка без нејзината мајка, да почека да порасне, а потоа да патуваат заедно.
Но, како што објаснува, стравовите не се потребни, она што навистина е потребно е да излеземе од нашата комфорна зона.
3. Подобро е светот да се врти околу родителите, не децата
„Во Пекинг, каде јас живеам, многу родители даваат сè за своето дете и постојано се жртвуваат, па не е ни чудно што децата стануваат разгалени“ - вели таткото.
Според него важно е на детето да му дозволите да искусува нови светови и нови ситуации за да научи како правилно да се однесува.
4. Патувањето со ќерката е неверојатно искуство за таткото
Научени сме дека мајката е таа која постојано мора да се грижи за малото дете, но според искуството на овој татко, важно е и тој да има важна улога во животот на неговата ќерка и да научи како добро да комуницира со неа.
5. Ќерката ќе ве научи како да ја цените сопругата повеќе
„Не знам како мајките успеваат, но сега повеќе ги почитувам. Мајки и сопруги, ако сакате вашиот сопруг да знае што сè правите, натерајте го сам да патува со вашето дете“.
6. Градите долготрајна и квалитетна врска со детето
Ваквото патување ќе направи да се цените еден со друг многу повеќе.
Н. Г. | Црнобело