Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајка секоја година ја фотографирала ќерката во свадбениот фустан за да види како расте

Една мајка решила да направи интересен спомен за својата ќерка, секоја година на нејзиниот роденден ја фотографирала во фустанот кој таа го носела за нејзината свадба.

majka-sekoja-godina-ja-fotografirala-kjerkata-vo-svadbeniot-fustan-za-da-vidi-kako-raste-01.jpg

Бренди Јироус е мајка на 14-годишниот Рајан и 12-годишната Алисон.

majka-sekoja-godina-ja-fotografirala-kjerkata-vo-svadbeniot-fustan-za-da-vidi-kako-raste-1.jpg

Таа објаснува дека кога била бремена со Рајан прочитала во списание дека убав спомен и начин на мерење на тоа колку секоја година расте детето е да го фотографирате во парче облека од родителот.

Па, тоа го правела за нејзиниот син Рајан - секоја година го фотографирала во стар пар фармерки од неговиот татко.

majka-sekoja-godina-ja-fotografirala-kjerkata-vo-svadbeniot-fustan-za-da-vidi-kako-raste-2.jpg

Кога останала бремена со Алисон, одлучила дека истото ќе го прави и за неа, но наместо стари фармерки, за нејзината ќерка го употребила нејзиниот свадбен фустан.

Па секоја година, по раѓањето, Алисон позирала во фустанот на својата мајка.

Јироус вели дека фотографиите ѝ помагаат да ги забележи суптилните промени во своите деца и како, од година во година, тие изгледаат поинаку.

Во еден момент кога прерамките од фустанот веќе не ѝ паѓале на Алисон, си рекла: „Ти навистина порасна...“.

Бренди вели дека овие фотографии ѝ помогнале да ја согледа трансформацијата на Алисон од симпатично девојче во прекрасна млада девојка.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ужасни навики на родителите со кои ги оттурнуваат своите деца Постојано ги критикувате и им покажувате љубов само кога ќе направат нешто што с...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
10 докази дека секоја генерација има свој уникатен шарм и вредности, низ илустрации Нашите родители се гордеат што цел живот работеле во иста компанија - денес такв...
„Вратата од собата на мојот син тинејџер постојано е затворена - неговиот свет има ѕидови за мене и ... Невидлива сум за него, осаменичко е чувството за имате дете тинејџер... Поминаа ...
„Уште се состанувам со поранешниот сопруг, но одбивам да му бидам жена“ „Со поранешниот сопруг се смиривме 2 години по разводот – сега сме дечко и девој...
„Ќерка ми се жалеше дека соучениците ја нарекувале глупава и грда – Што направив?“ „За жал навредувањето и потсмевањето меѓу врсниците се нормализира и се нарекува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg