Како да го соопштите доаѓањето на новиот член во семејството на вашето дете?

Веста за тоа дека очекувате нов член во семејството е најубавото нешто што можете да го слушнете.

Kako-da-go-soopstite-doagjanjet-na-noviot-clen-vo-semejstvoto-na-vaseto-dete-01

Сепак ваквата вест подразбира приспособување на целото семејство на новонастанатата ситуација, а тоа е посебно потребно доколку имате поголемо детенце кое штотуку научило да оди и му е тешко да разбере што всушност значи да се биде постар брат или сестра.

Доколку и вие се наоѓате во ваква ситуација и ви е потребна мала помош за да ги соопштите и објасните важните вести, ние ви нудиме неколку забавни и интересни начини кои ќе ви помогнат во тоа.

1. Раскажете му приказна

Раскажете му приказна во која се објаснува што значи да се биде поголем брат или сестра. Раскажете му ја и потоа разговарајте за приказната и што всушност таа значи. Можете да му ја раскажете и неколку пати, сè додека не забележите дека започнува да ги сфаќа работите.  


2. Организирајте забава на која ќе ја објавите оваа убава вест

Организирајте мала забава, односно забава на која ќе присуствувате само вие, вашиот партнер и вашето дете. Украсете ја куќата како за роденденска забава, направете торта и соопштете ја веста на свечен начин, со кој ќе му покажете на детето дека тоа се среќни вести.


3. Вклучете ги во објавата за новиот член и вашите браќа или сестри

Вашето дете можеби има омилена тетка или вујко, но најверојатно не знае дека тие ви се брат и сестра. Можете да викнете некоја од овие личности и заедно да му соопштите на детето дека набрзо и тоа ќе има некоја таква посебна личност во животот.


4. Именувајте го детето во свој помошник и заедно објавете ги убавите вести

Кажете му на детето дека имате посебна работа за него: доаѓа ново бебе и вам ви е потребен помошник кој ќе го објави тоа. Така следниот пат кога ќе се видите со пријателите остававте го вашето дете да ја соопшти убавата вест. Одушевувањето на лицата на пријателите ќе направи тоа да се почувствува убаво и да мисли дека ги направило среќни сите околу него.   


5. Покажете му албум со фотографии кога било бебе

Отворете го албумот со негови фотографии од самото раѓање и објаснете му што сè правело кога било бебе, како сте го учеле да оди, да јаде, објаснувајќи му дека новото бебе ќе мора да ги научи сите тие работи и нема да може веднаш да си игра со него.


6. Изгледајте заедно некоја едукативна емисија или филм

На децата им е полесно кога ги визуализираат работите, па гледањето на едукативна емисија или филм може да биде одличен начин на кој ќе им соопштите дека во семејството доаѓа нов член. Откако ќе ја изгледате емисијата објаснете му на детето дека токму како што детенцето во филмот доби братче, така и тоа ќе добие братче или сестра.


7. Направете список на обврски и одговорности

Децата сакат да се чувствуваат корисно. Напишете им листа на обврски насловена Поголем брат/сестра, и украсете ја онака како што тие сакаат. Листата на вакви обврски може да вклучува работи како подавање на пелени или крема за бебето, ситници со кои вашето дете ќе се чувствува многу важно и корисно. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 најубави имиња за момчиња и девојчиња родени во февруари Имињата во февруари често се врзуваат со Денот на виното и Денот на заљубените. ...
„Ми рекоа дека моето дете е ‘просечно’ при упис во прво одделение – Зошто не се загрижив?“ „'Вашето дете е просечно’, малку уплашено ми ги соопшти педагогот резултатите од...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Мисли кои ги мачат бремените жени, но се срамат да ги изговорат гласно „Во што ли се впуштив?!“, „Па ова е многу тешко!“... Во бременоста, жените се со...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg