Татко создава инспиративни фотографии од синот со Даунов синдром
Осумнаесет месечниот Вилијам Лоренс, најмладиот член во семејството, се родил малку поинаков од останатите браќа и сестри, но тоа воопшто не е пречка за тој да биде супер херој во фотографиите на неговиот татко.
Малечкиот Вил има Даунов синдром, но со помош на малку Фотошоп и имагинацијата на неговиот татко Алан, по професија фотограф, тој се претвора во супер херој со посебна моќ – Вил може да лета.
„Фотографиите на кои Вил лета имаат посебно значење за мене кога ќе помислам на предизвиците со кои Вил ќе се соочува како што расте. Она што преку нив сакам да го научам е дека дури и со неговиот хендикеп тој може да направи сè што ќе посака“ – изјавува Алан.
Тие се направени така што Алан го држи Вил и ја прави првичната фотографија, а потоа следат Фотошопот и имагинацијата со надеж дека сите тие ќе бидат одлична инспирација за малиот Вил која ќе го води храбро низ животот.
М. С. | Црнобело