10 недели по породувањето: Како изгледа мајката која во 9-от месец кревала тегови?
Мајка која објавувала на социјалните мрежи фотографии и видеа од тоа како вежба и во 9-от месец од бременоста, сега покажува како изгледа само 10 недели по породувањето.
31-годишната Ингер Хоутон од Норвешка на нејзиниот Инстаграм профил постојано покажувала како крева тегови и во 9-от месец по бременоста.
Таа во текот на целата нејзина бременост тренирала, а не престанала дури и непосредно пред породувањето.
Многу луѓе изразиле негативно мислење околу тоа, но неа тоа воопшто не и пречи: „Тренирањето е моја пасија и немав намера да се откажам од истото само затоа што сум бремена. Животот не престанува за време на бременоста“.
По 10 недели од бременоста таа повторно има неверојатно витко и мускулесто тело:
Н. Г. | Црнобело