Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Реченици кои не смее да му ги кажувате на детето, затоа што така му ја убивате самодовербата

Родителството е едно од најголемите задоволства кои можете даги почувствувате во вашиот живот, но истовремено тоа претставува и една од најголемите одговорности.

recenici-koi-ne-smee-da-mu-gi-kazuvate-na-deteto-zatoa-sto-taka-mu-ja-ubivate-samodoverbata-01.jpg

Тргнувајќи од фактот дека никој не се родил учен, а целиот наш живот претставува едно непрестајно учење не е лошо да одвреме - навреме да се укаже на грешките кои ги прават младите родители при воспитувањето на децата.

Детството е периодот во кој човечкиот мозок се формира врз основа на социјалната интеракција, а начинот на кој другите луѓе, пред сè родителите, се однесуваат кон децата, тие го сфаќаат како слика за себеси.

Психолозите предупредуваат дека родителите на деца на возраст од околу две години не би требало да ги кажуваат следните реченици - Срам да ти е; Момчињата не плачат; Не биди бебе; Никогаш нема да биде ништо од тебе.

Причината е во тоа што реченици од овој вид им ја уништуваат самодовербата на децата, и кога децата се срамат тие се чувствуваат отфрлени и повлечени во себе. Ова може да ги поттикне агресија, да им ја ограничи спонтаност, да им ја уништи самодовербата и способност да учат!

Психолозите истакнуваат дека овие реченици предизвикуваат краткорочен ефект кај децата, бидејќи тие сакаат да ги задоволат родителите, но долгорочните ефекти од тоа се катастрофални.

Поентата е во тоа што детето учи да ги задоволи неговите родители за да не биде казнето, а не затоа што ги сфатило проблемите во однесувањето. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да му помогнете на детето ако има мачнини при патување? Не го терајте детето да јаде сосила, не му дозволувајте да седи на телефон или т...
Предности и недостатоци на раѓање дете по 35-тата година, според мајки „Го родив син ми на 42 години и не жалам за ништо. Бев посамоуверена и ми беше м...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
Омилениот татко на Инстаграм - чисти, готви и изгледа како грчки бог (фото) Има извајано тело и не го испушта бебето од раце, кој е таткото што ги освои срц...
„Лажев дека користам контрацепција бидејќи сакав дете, а сопругот не – како да му кажам дека сум бре... „Пред осум месеци престанав да ги пијам апчињата за контрацепција и не му кажав ...
Низ илустрации: Како да ја воспитате ќерката за да биде независна и одговорна личност? Научете ја уште од најмали нозе да се грижи за себе и за сопствените обврски, до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg