Како таткото го забавува синот додека мајката е на работа? (видео)

Најтешкото нешто за мајката е кога мора да го довери своето бебе на некој друг, дури и кога тој некој е таткото.

tatko-preku-videa-i-pokazuva-na-soprugata-kako-se-zabavuvaat-so-maliot-sin-01.jpg

Но, Ерик Брус од Минеаполис ќе ви покаже дека вашите најмили се сосема сигурни во рацете на татковците, а згора на тоа и совршено се забавуваат.

Видеото кое го објавил тој од времето поминато со својот син станало вирална сензација со огромен број на лајкови и споделувања. Видеото е всушност компилација од синхронизација на песни како „Cry Me a River“ до познати делови од „Harry Potter“ и „Hook“.

Tatko-preku-videa-i-pokazuva-na-soprugata-kako-se-zabavuvaat-so-maliot-sin-01

Ерик ја добил оваа идеја кога неговата сопруга Присила, која работела за време на вечерните часови и преку викендите, морала да се врати на работа само шест недели по раѓањето на Џон.

Додека неговата сопруга била отсутна, овој забавен татко ги снимал овие клипови за да ѝ покаже како тој и малиот Џон се забавуваат додека неа ја нема. Но, тоа не била единствената причина.

„Видеото е всушност една ретроспектива на минатата година и на тоа како изгледа да бидеш родител и да се забавуваш со своето дете“- објаснува Ерик.

„Сето тоа беше одличен начин да се поврзам со него и да научам што всушност значи да се биде татко и како изгледа да поминеш цел ден во чување на тоа мало суштство“ - додава.

Џон е роден на 6-ти декември 2015 година и морал да помине дополнително уште една недела во болница по раѓањето за да се оперира, што го направило враќањето на работа по само 6 недели уште потешко за неговата мајка Присила.

Но, благодарение на нејзиниот сопруг тие клипови биле нешто кое ја мотивирало да издржи во моментите на тага.

„Се смеев многу на секој нов клип“ – раскажува таа, „тие беа најсветлите точки во секој напорен ден“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Моите синови 1 месец беа без ТВ, таблети и телефони – Какви промени забележав кај нив?“ „Животот ни стана многу полесен како родители“ – вели овој татко од САД, кој одл...
„Ги гуглав симптомите на ќерка ми, стравувам дека е социопат – Што да правам?“ „Таа речиси и да нема пријатели и наставниците неколкупати нѐ предупредија дека ...
Како да препознаете личност која растела во токсично семејство? Децата кои биле критикувани додека растеле, имаат ниска самодоверба кога ќе стан...
„Шампонот за суво миење е најдобар пријател“: 10 работи кои никој не ѝ ги кажува на новопечената биз... „Ручекот со пријателките е луксуз, а не секојдневие“, „Озборувањето на кафе, ќе ...
„Имав 3 спонтани абортуси – бев гневна и се обвинував себеси“ „Ако сте имале спонтан абортус како мене, не се обвинувајте, не сте можеле да на...
Грешки што треба да ги избегнувате ако сакате вашите деца да бидат одговорни личности Го штитите од сите предизвици и му ја критикувате интелигенцијата – кои грешки т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg