„Вашиот кредит е одбиен“ - Снаодлив татко со официјално писмо го одбива синот кој му бара пари
Едно 6-годишно момче побарало пари за да си купи нова играчка, а неговиот татко решил да ја искористи можноста да му даде лекција по економија.
Таткото направил писмо кое изгледа буквално како оние кои ги добивате во банка кога не ви одобруваат заем или кредит, одбивајќи ја бараната сума.
„Вашето барање за заем во бараниот износ од 20$ не е одобрено. По разгледување на вашиот профил, откривме дека немате доволно финансиски средства и историја дека не сте ги извршувале вашите задолженија.
Меѓу другото, веќе над 80$ беа потрошени за божиќните подароци. Оваа сума е неодржлив трошок и повеќе не можеме финансиски да ве поддржуваме со понатамошниот долг.
Ако сакате случајот повторно да биде разгледан, можете да го контактирате нашиот „Оддел за жалби“ на бројот 1-314-(бројот на мајката)... Нашиот спорен менаџер може да не разубеди одново да ја разгледаме одлуката.
Ви благодариме што ја одбравте „DAD Savings and Loan“, ја цениме можноста да ги служиме вашите финансиски потреби...“.
Веројатно по ова малото 6-годишно момче ќе научи како да ги штеди своите пари, а она што е уште посмешно е описот на „компанијата“ во горниот дел од писмото: „Бидејќи се чини како да сум направен од пари“.
Н. Г. | Црнобело