Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Научете: Како да бидете подобар родител?

Од првиот чекор до првиот ден на факултетот, родителството може да биде истовремено еден од најтешките и најубавите предизвици.

7-raboti-koi-sekoj-roditel-treba-da-gi-znae

Ова се неколку совети од експерти и психолози кои можат да ви го помогнат да бидете подобар родител.

1. Слушајте

Активното слушање на вашето дете подразбира контакт со очи, без прекинување. Ако не ве прашуваат за совет, не им го давајте. Наместо тоа, поставувајте им прашања од типот: „Што мислиш, што можеш да направиш во врска со тоа?“


2. Правете ги грешките пред нив

Децата учат повеќе од вашиот пример отколку од вашите зборови. Најдобар пример за ова е родителската грешка. Да речеме, сте почнале да викате. Наместо да се надевате дека со тек на време децата ќе заборават на тоа, можете да им кажете: „Извини, не сакав да викам. Дури и возрасните прават грешки“.


3. Дозволете им да згрешат

Според детскиот психолог Џо Ен Деак, децата се чувствуваат поддржано кога нема да успеат да направат нешто за прв пат, односно, кога ќе се обидуваат да направат нешто добро. На овој начин децата учат нови вештини за решавање на проблемот.


4. Поминувајте повеќе време надвор

Не е важно каде живеете, секаде може да се најде природа. Истражувања покажале дека поминување на времето во природата, односно на отворено, им помага на децата да растат, ги подобрува имагинацијата и вниманието, ја намалува агресијата...


5. Учете ги на благодарност

Ако децата се благодарни за тоа што тие веќе го имаат во животот, со поголема веројатност ќе бидат среќни и понатаму во животот.


6. Забавувајте се

Не треба да престанете да се забавувате затоа што стареете. Покажете им на вашите деца како да се качуваат на дрва, бидете суперхерои заедно!


7. Учете ги на сочувство

Сочувство за себе и сочувство за другите. Според експертот за родителство, Томас Гордон, најдобро е да се избегнуваат изјави како „ако ме сакаш нема да го сториш тоа“. Никогаш не ја поврзувајте вашата љубов со вашето однесување. На тој начин децата ќе научат да се сакаат себеси.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки со кои им ја „убивате“ самодовербата на вашите деца, низ илустрации Ги споредувате со други деца, им ги омаловажувате неразвиените таленти, не им до...
„Свекрвата ни плати за хотел, но сака да спие во истата соба со мене и сопругот – тој ја поканил“ „Бев многу благодарна што свекрвата понуди да ни ја плати хотелската соба за пат...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Мудра приказна: Зошто нашите најблиски ни стануваат толку тешко подносливи во староста? „Постојат два периода во животот кога човек станува тежок за најблиските. Можеби...
Ако детето „боледува“, треба да ја лекувате мајката Детето или го храните со позитивност, љубов, внимание, нежност или се тресете на...
Кратко и брзо упатство: Што треба да му кажете на вашето анксиозно дете за да го смирите? „Сакаш ли да танцуваме или да трчаме за да ја исфрлиме загриженоста?“ Во животот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg