Во неколку чекори: Како вашето бебе да преспие цела ноќ?
Ненаспани и уморни. Вашиот извор на најголема среќа едноставно никако не сака да заспие, а веќе е 3 часот наутро. Сè што сакате е и вие да потонете во длабок сон...
Неколку чекори како успешно да го научите вашето бебе да спие во текот на ноќта:
1. На 6 месеци одлучивте дека е доста од ноќното будење и воведувате цврста храна во исхраната на вашето бебе. Така, вашето бебе ќе биде сито и ќе спие цела ноќ.
2. Обидете се со различни типови на храна, испробувајте производи – така ќе откриете што му помага полесно да заспие.
3. Го забележавте првото запче! Веројатно тоа е причината за будењето, па време е да се вратите на првата потточка.
4. Откако првата потточка не ви помогна, констатирате дека излегло второто запче и чекате да помине...
5. Бевте во право! Излегле уште три запчиња – златно правило – каде има еден, ќе излезат уште три.
6. Бебето и понатаму се буди во текот на ноќта. Одлучувате да ги пробате советите на добро намерните луѓе околу вас и ја менувате вечерната рутина. Мора да постои грешка во редоследот – вечера, бањање, спиење. Ротирајте ги сите комбинации.
7. Некаде околу осмиот месец се предавате и го пренесувате бебето во вашиот кревет.
8. Се радувате по три проспиени ноќи.
9. Четвртата вечер сè е по старо – ја менувате тактиката.
10. Пробувате да го заспиете детето со клатење, а не доење.
11. Се откажувате од оваа идеја, затоа што уште истата вечер бебето очајно плаче...
12. Ве гризе совеста. Нормално...
13. Забележувате дека излегле уште запчиња, па сите досегашни будења ги препишувате на нив.
14. Констатирате дека на бебето му е премногу ладно – ја загревате собата.
15. Констатирате дека на бебето му е премногу топло – го раскомотувате.
16. Дојде време да престанете со доењето. Можеби затоа се буди доцна во ноќта?
17. Се наддавате првите три дена.
18. По седум дена се помирувате со судбината и фактот дека несоницата не е поврзана со доењето.
19. Купувате вреќа за спиење – можеби константното откривање и покривање му пречи на бебето?
20. Дежурате една ноќ, бидејќи се сомневате дека рчењето на сопругот го буди бебето.
21. Кога малку ви фали да паднете во несвест од замор, констатирате дека ова ви било лоша идеја и се враќате на сонот.
22. Сè препишувате на забите.
23. Се надевате дека ќе почне да спие кога ќе тргне на училиште...
Тоа е тоа... Ако ги следите овие чекори, вашето бебе ќе започне да спие во текот на ноќта... или не...