9 идеи за креативни есенски проекти со децата
Искористете ги предностите на есенските денови - лисја во златни и бакарни нијанси, костени, шишарки, желади...
Есенските плодови се насекаде, а веројатно дечињата им се радуваат на секое излегување. Тогаш зошто да не ги внесете во домот преку забавни, креативни есенски проекти?
Вклучете ги најмалите и изработете ремек дела:
1. Декорации од тесто
Замесете солено тесто од ½ шолја сол, 1 шолја брашно и ½ шолја вода. Измешајте ги состојките и од добиеното тесто правете солени колачиња со модли. Печете 2-3 часа, а потоа бојте по желба.
2. Негатив од есенски листови
Наредете неколку собрани листови на бел хамер, а потоа околу нив бојте со водени или темперни боички.
3. Есенски колаж
Тука треба само да ја вклучите креативноста и да се снабдите со есенски листови и плодови.
4. Висечка есенска декорација
Со помош на обично капаче од тегла, неколку кончиња, листови и монисти лесно може да ја направите оваа висечка декорација и да ја закачите на влезната врата или во детската соба.
5. Скапоцени камчиња од желади
Одвојте го плодот, а капчињата кои ќе ви останат обојте ги од внатрешната страна.
6. Маска од есенски листови
Земете мерки и од еден лист направете обична подлога за маската. Потоа лепете листови по желба.
7. Ежиња од шишарки и пластелин
Разиграјте се и вклучете ја умешноста на рацете. Ви требаат само неколку шишарки и пластелин во 2-3 бои по избор.
8. Гасеница од костени
На обично јаже или коноп нанижете костени дупнати во средината. На последниот нацртајте или залепете очи и добивате гасеница.
9. Цртежи од листови